Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, во гостување во емисијата ЕвроФокус со Тања Васиќ на Телма истакна за напорите на Владата да се регулира одлуката за намалување на платите на одбрани фунцкионери и посочи кон личните и себични побуди заради кои Уставниот суд реши дека избраните и именуваните функционери не треба да имаат намалување на платите.
Откако почна кризата и потпишавме онлајн со комесарот Хан, Северна Македонија стана дел од ИСА, за да станете дел треба да се исполните одредени критериуми и услови, не ве пуштаат туку така. Тоа е иницијатива од страна на ЕУ во која што членуваат само земји членки на ЕУ и Северна Македонија и Црна Гора и никој друг кои што ги исполниле критериумите за интероперабилност меѓу институциите, рече Манчевски.
Во овој момент успеваме да се снајдеме, ако продолжи оваа економска криза и понатаму апсолутно во јавниот сектор ќе мора да се превземат одредени чекори, но видете што се случува, ајде тогаш треба да се погледнеме сите во општеството во очи. Ние донесовме одлука за намалување на платите на избрани и именувани функционери на минимална плата. Уставниот суд донесе Одлука со која што ја укина оваа Уредба. Од свои лични и себични побуди заради своите плати, Уставниот суд реши дека избраните и именуваните функционери не треба да имаат намалување на платите. Сега ние сѐ уште бараме правен начин како ова да го регулираме за да биде Уредба, а во меѓувреме ги донираме нашите плати во фондот за борба со вирусот Ковид 19 до нивото на минимална плата, истакна Манчевски во Евро Фокус.
Јас сметам дека барем 2 – 3 месеци сопствениците на големите компании можеа да издржат, нивните финансиски резултати се јавни, да не ги намалат платите, да почекаат. Ако продолжи кризата, апсолутно сите се соочуваме со солидарност, еве почнавме лично од нас, меѓутоа не го гледаме тоа во општеството да бидам искрен. Ние на најсилно погодените области им доделивме по 14,500 денари по вработен, тоа го добија и медиумите, вели министерот Манчевски.
Затоа велам дека ако ова продолжи, сите ќе мора да го понесеме товарот затоа почнуваме ние од личен пример сакавме да покажеме дека почнуваме од самите себе, е сега Уставниот суд што реши да ја поништи таа одлука тоа е друга работа. Еве, сите кои што имаат висока плата ги повикувам и од приватниот сектор да ги донираат своите плати во фондот за борба со вирусот Ковид-19. Сите кои сметаат дека треба да ја покажат својата солидарност, газдите на големите компании, апсолутно можат да донираат средства, додаде Манчевски.