ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Шекеринска: Учеството во најмоќната воено-политичка алијанса е шанса за државата, а граѓаните ќе ги чини колку едно кафе годишно

Тука може да споделам дека финалната фаза во американскиот законодавен дом започнува, кажа пред кумановци, министерката. Членството, рече, гарантира безбедност и стабилност на државата и не само тоа, туку и носи резултати на економски план, укажувајќи дека откако е добиена поканата  за повеќе од четири пати се зголемени странските инвестиции, а за оваа година има 50.000 нови работни места.

October 22, 2019 00:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси 30 години државата се обидува да исполни една своја стратешка цел, тоа е членството во НАТО, не само поради политички бенефит, туку поради тоа што, како држава од поранешна Југославија, видовме колкава е цената на нестабилност, на војна, на конфликт. И затоа учеството во најмоќната воено-политичка алијанса заедно со најмоќните и најбогатите е шанса за државата да профитира на безбедносен план.

Ова го изјави вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска во Куманово пред почетокот на дискусијата за придобивките и предизвиците од членството во НАТО организирана во рамки на НАТО Караванот „РСМ во НАТО: Политичко-безбедносни придобивки, ризици и предизвици“. Таа посочи дека три децении инвестиравме во членство, меѓутоа три децении нашите напори останаа без резултат, а сега кога огромен број членки го ратификуваа Протоколот, нагласи, може да се каже дека сме го оствариле она што е стратешка цел.

-Тоа што пред две години изгледаше невозможно, домашната криза, нападот во Собранието што не фрлија на страната на нестабилноста, членството во НАТО гарантира дека и економски и политички државата се стабилизираше, истакна министерката.

Во дискусијата со кумановци, Шекеринска се осврна на сработеното, на реформите во одбраната, кои биле истакнати пред сојузниците како завршени обврски. Три години по ред, истакна, се зголемува буџетот за Армијата, за одбраната, се инвестира во луѓе, знаења, припадниците на Армијата добија прво 10 проценти покачување на платата, а сега уште пет проценти.

-Зголемување на приходи, реформи, но тоа се не само реформи за НАТО,  туку се и домашни задачи, рече министерката.

Додаде дека 25 земји членки ја завршија ратификациската процедура и тоа беше брз процес, бидејќи, според не, можат да траат и до година и половина. Први го ратификуваа соседите што покажува, вели, дека Балканот учи од своето искуство, а  минатата недела дури две земји членки.

-Тука може да споделам дека финалната фаза во американскиот законодавен дом започнува, кажа пред кумановци, министерката. Членството, рече, гарантира безбедност и стабилност на државата и не само тоа, туку и носи резултати на економски план, укажувајќи дека откако е добиена поканата  за повеќе од четири пати се зголемени странските инвестиции, а за оваа година има 50.000 нови работни места.

-Посакуваме  и очекувавме оваа година да биде, година на двоен успех, НАТО членство почеток на преговори со ЕУ. Пораката и резултатот од последната средба ви е позната. Тоа е разочарување за сите нас, но оптимист сум. Ја чувме негативната, но и позитивната порака – ниту една земја членка на ЕУ не можеше да најде аргумент против нас, дека не сме успеале нешто да завршиме, рече Шеќеринска и додаде дека нема откажување.

Според неа, НАТО членството ќе биде круна на заложбите да станеме дел од западниот и развиен свет.

Што се однесува до бројките министерката кажа дека до 2024 година секоја држава ќе мора да одвои два процента од БДП. Таа потенцираше дека до 2008 година, државата одвојувала 2,18 проценти од БДП за одбраната.

-Тоа не значи дека ги даваме парите во НАТО, туку си ги вложуваме кај нас, додаде министерката. Државата има академија каде се едуцираат питомци од други држави, полигон каде се вршат вежби, а за македонското небо се грижи членка на НАТО,  Грција, нагласи Шекеринска.

Членството во НАТО, рече таа, е и паметна одбрана, а парите кои се одвојуваат ги спореди со одвојување 50 денари од секој граѓанин на годишно ниво за кафе.

-50 денари годишно од секој граѓанин е мала цена за сигурно небо и безбеден сон, нагласи министерката.

Со НАТО членството ќе се задржат и младите во македонската армија, рече министерката Шекеринска, која се осврна и на лажни вести кои произлегоа во врска со членството, а македонските компании ќе можат да учествуваат на тендери кои ќе ги објавува Алијансата.

Амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, се осврна на приемот на таа земја во НАТО, истакнувајќи дека процесот траел околу година дена.

-Јасно е дека Северна Македонија веќе се третира како членка на НАТО, но техничките процедури мора да се завршат и се надевам дека тоа ќе биде до Лондонскиот самит. Евентуалното одложување на формализацијата на членството за некој месец или два, ќе биде резултат на објективни околности на кои никој не може да влијае како што е случајот со Шпанија и вонредните избори кои се закажани за ноември, но се надеваме дека набргу ќе ја дочекаме Северна Македонија како 30-та сојузничка, рече амбасадорката.

Покрај колективната одбрана, тука е и заштита на воздушниот простор, помош при непогоди, кризни ситуации за кои НАТО одвојува ресурси да помогне на својата членка, рече амбасадорката. Предност е, потенцираше амбасадорката, и можноста да се аплицира за работи за воени и цивилни структури во НАТО. Во Црна Гора забележан е и раст на инвестиции, зголемен е бројот на туристи од земји членки на НАТО, има раст во индустриски зони, зголемени приходи во компании кои се занимаваат со шпедитерски услуги, софтверски компании.

 

Next Post

Сончево со слаб ветер од североисточен правец

Shortcut

Најново

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра

September 11, 2026
New York, NY, September 19, 2001 -- Rescue workers climb over and dig through piles of rubble from the destroyed World Trade Center as the American flag billows over the debris.Photo by Andrea Booher/ FEMA News Photo

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk