ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ и ИВЗ со спинови ја минираат борбата против епидемијата

May 22, 2020 10:16
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Без оглед на одлуката на Владата за продолжениот викенд, факт е дека ВМРО-ДПМНЕ и ИВЗ, со сличен речник во кој доминира збоорот „нелогично“, де факто ја подриваат борбата на државните органи и здраствените власти со епидемијата со корона вирусот. Аргументите и на едните и на другите се спинови, со тоа што кај ИВЗ има и закана, анализира Вистиномер. мк.

Две соопштенија во кои има спинови ќе бидат предмет на овој текст. Најпрво, поновото, соопштението на најголемата политичка партија од опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ, во кое се вели:

Спин: ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со предложената мерка за целосен полициски час за време на продолжениот викенд. Нелогично е да се најавува дека рестораните ќе работат од вторник, а да е задолжително седење дома за време на целиот продолжен викенд. Со други зборови недела и понеделник за Владата на СДСМ е опасно, а вторникот не е. Според кои критериуми е донесена ваква препорака?

ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека е престрога мерката и за целосен полициски час за празникот Велигден, и сега кога е празникот Бајрам. На овој начин се нарушуваат човековите слободи и права.

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ – соопштение – датум: 21.05.2020]

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ со извртување на вистината, т.е. спин, де факто ѝ удира нож во грб на општата борба против епидемијата со корона вирусот во земјата, со првото отворено спротивставување на предложена мерка од страна на институциите што се задолжени да раководат со таа борба.

Спинот се состои во тоа што на партијата ѝ било нелогично задолжително седење дома за време на целиот продолжен викенд, а во вторникот немало да биде опасно и ќе биле отворени и рестораните. Првото извртување на вистината е направено со употребата на терминот седење дома цел продолжен викенд. Факт е дека предлогот не е за цел продолжен викенд, бидејќи во сабота полицискиот час е предложено да биде од 19 часот.

Второто извртување на вистината е дека било нелогично…Што е нелогично? Тоа што поради продолжен викенд во кој се совпаѓаат два верски паразника – Свети Кирил и Методиј и Бајрам со полициски час се намалува можноста за големо групирање луѓе и по верските храмови, но и општо движење низ државата по излетнички и туристички места? Па, тоа е алфа и омега во овој момент на сите здравствени политики и во регионот и во светот, со чест на исклучоци. И таа мерка се покажа како единствена ефикасна во спречување на ширење на вирусот и стабилизација на состојбата со бројот на новозаразени во еден ден.

Третиот спин се состои во фактот што ВМРО-ДПМНЕ не излезе со јавен и цврст став дека биле против и за строгиот карантин за време на Велигден, кога државата беше четири дена во изолација. Таков јавен настап, изјава, соопштение, став, едноставно нема. Но, има препорака од Христијан Мицкоски да се почитуваат мерките:

Ајде сите ние заедно, почитувајќи ги препораките да дадеме и да заштитиме што е можно повеќе човечки животи и овој Велигден да го прославиме во кругот на семејството, а Христовото Воскресение да го дочекаме заедно со нашите најблиски во нашите домови.

И конечно, четвртиот спин е дека на овој начин се нарушувале човековите слободи и права. Па, нормално дека се ограничуваат во услови на вонредна состојба многу од човековите слободи и права, вклучувајќи го и правото на движење и правото на слободно практикување на потребите на верниците во своите верски објекти. Впрочем, тоа е во согласност и со Европската конвенција за човекови прави (види член 9) и токму затоа државата го извести Советот на Европа дека е воведена вонредна состојба, за чие време некои од човековите слободи и права ќе бидат укинати или скратени.

Зошто ова го прави ВМРО-ДПМНЕ, причините си ги знаат самите, а појаснувањето во нивното соопштение, како што може да се види и од аргументите погоре, се спинови.

ИВЗ не смее да се заканува со политичкото кај верниците

Голем проблем на зравствените власти им прави и Исламската верска заедница (ИВЗ), чиј верски поглавар испратил писмо во кое се наоѓа и следната содржина:

Ако се воведе полициски час за целиот викенд, тогаш вие, како компетентни органи, ќе ја загубите довербата кај сите верници од исламската вероисповед, имајќи предвид дека нашата земја се наоѓа пред одржување на парламентарни избори. Ние како верска институција постоиме за да им служиме на верниците и нема да носиме товар на грб за откажување на намазот на Фитер Бајрам во џамија.

[Извор: РСЕ – ИВЗ: Со полициски час ќе ја….-датум: 21.05.2020]

Контраспин: Несмасно и недолично е во една секуларна држава, во која верата (треба да) е одвоена од политиката и државната управа, една од двете најголеми верски заедници да се заканува со политички аргументи.

Ако се воведе полициски час….тогаш вие како компетентни органи ќе ја загубите довербата кај сите верници од исламска вероисповест.…

ИВЗ може да користи какви сака аргументи, но да знае и да се заканува дека властите (компетентните органи се составени од партии на власт и една опозициска партија), ќе ја загубат довербата пред парламентарните избори кај нејзините верници, тоа е извртена вистина, т.е. спин. Едноставно, затоа што тие како верска заедница ниту имаат, ниту смеат да имаат право да влијаат врз политичката определба на нивните верници. Таквата реченица не е ништо друго туку закана.

За другите аргументи од типот нелогично е сега зашто претходните викенди… нема што да се дискутира – полуслободните неколку викенди во текот на мај и непочитувањето на препораките доведоа до забавување во справувањето со бројот на новозаразени случаи.

И кај ИВЗ не можеме да ги знаеме вистинските мотиви, но тие можат да се насетат во едно писмо на Реисот до потпретседателот на Владата Бујар Османи во кое се наведува тешката материјална положба поради мерките за изолација што ги спроведува Владата. Таква изјава имаше и од еден владика од МПЦ, кој зборуваше за структурата на приходите кај МПЦ во контекст на Велигден.

* * *

Без оглед на одлуката на Владата, здравствените и здравствено-политичките власти во државата дале препорака за мерките. Непочитувањето на таквата препорака ќе биде (е) директно подривање на најкомпетентните лица и тела во оваа држава за борба против епидемијата со корона вирусот, ќе биде подривање на довербата на сите граѓани во потребата од заедништво и солидарност за справување со заканата и вовед во уште помала доверба на граѓаните во институциите на државата. Владата никогаш не смее да заборави дека општото здравје на граѓаните е примарна цел и интерес, поважен и надреден над сите други цели и интереси.

Извор:

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Автомобил паднал во Вардар кај болницата Аџибадем Систина

НАЈНОВО

фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk