Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност во Кабинетот на премиерот очекува во предизборието опозиција да се истакне со перформанс на тема лажни вести, но институциите се подготвени да реагираа, смета тој. Забрчанец за стандард.мк вели општеството е подготвено и пружа силен отпор кон лажните вести
„Свеста и претпазливоста кај населението за појавата и за масовното ширење лажни вести во земјава е на највисоко ниво до сега. Екстремните дезинформации кои се ширеа особено за време на референдумот ги алармираа институциите, медиумите и граѓаните за многу поголема внимателност и за многу покритичен однос кон вестите кои се пласираат низ слободниот интернет и медиумски простор. Општеството е подготвено и пружа силен отпор кон лажните вести. Нивната појава и постоење не е од вчера, ниту пак ќе биде изненадување доколку повторно одредени центри земат залет после негативните вести од Брисел и се обидат да шират лаги во интерес на антидемократските и антизападните идеи. Предизборието е период кога очекувам опозицијата да се истакне со перформанс на тема лажни вести, но институциите се подготвени брзо да реагираат и да спречуваат манипулации со граѓаните.“ – смета Забрчанец.
Во продолжение, целиот текст на стандард.мк.