Лајпциг нема да го намали износот на надоместокот за напаѓачот Тимо Вернер. Ова го објави претседателот на клубот, Оливер Минцлаф. За фудбалерот заинтересиран е Ливерпул.
Англичаните имаат време до 15 јуни да се стекнат со Германецот за 55 милиони евра. По овој датум, сумата ќе се зголеми на 64 милиони.
Минцлаф изјави дека клубот нема да прави отстапки.
– Нема да поевтини. Нема да го продадеме играчот под неговата вредност. Имаме целосна контрола над ситуацијата. Јас сум смирен. Тимо има договор уште три години, изјави Минцлаф.
Дваесет и четиригодишниот фудбалер оваа сезона одигра 38 натпревари за Лајпциг и постигна 12 голови со 12 асистенции. Неговиот договор истекува на 30 јуни 2023 година.