ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ганиу: Непрописното паркирање на Пластичарска улица ќе се реши со изградба на две нови катни гаражи

Тој зборуваше за поставениот бетонски ѕид на улицата Цветан Димов, како и за останатите инфраструктурни зафати кои општината ги реализираше за време на пандемијата.

May 28, 2020 11:25
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На почетокот на пандемијата општина Чаир имаше најмал број на заразени од коронавирус, благодарение на граѓаните кои беа послушни, рече денеска во Скопски агол, на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

-Ние на почетокот на пандемијата преку разглас ги повикавме граѓаните да останат дома и да ги почитуваат препораките ба Владата. Не би се согласил со тврдењата дека поради прославата на Рамазан Бајрам граѓаните беа непослушни. Постот трае цел месец, а граѓаните дури неколку дена пред крајот на светиот месец почнаа да го прекршуваат полицискиот час, бидејќи сите веќе почувствувавме олабавување, рече Ганиу.

Тој зборуваше за поставениот бетонски ѕид на улицата Цветан Димов, како и за останатите инфраструктурни зафати кои општината ги реализираше за време на пандемијата.

– Бетонскиот ѕид го направивме за поголема безбедност, пред се на децата. Таму има две училишта и една градинка. Со ѕидот нема повеќе претрчување преку улица. Исто така се намали и метежот на улицата, ако порано се поминуваше оваа улица за половина час, сега се поминува за пет минути. Кружниот тек на ул. Втора Македонска Бригада е при крај, а ја проширивме и Пластичарска за уште една коловозна лента. Работевме и на изградба на нова трибина во Чаир. Булеварот Х. Т. Карпош го работевме со Град Скопје, а вчера завршивме крак на овој булевар со целосна промена на подземната инфраструктура, рече Ганиу.

Тој додаде дека непрописното паркирање на Пластичарска ќе се реши со изградба на две нови катни гаражи.

– Постапката ќе почне откако се ќе променат деталните урбанистички планови. Деталните планови сега се во Град Скопје, по што ќе поминат во другите институции. Штом ќе завршат процедурите може да почне со изградба. Дотогаш, паркирањето ќе биде проблем, но не би сакале да им наштетиме на малите бизниси, објасни Ганиу.

Тој информира дека од понеделник службите во општината ќе работат со полно работно време.

Next Post

НСП бара одговори од Чулев за набавката на 600 ремени во МВР

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk