ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Училиштата во Кочани подготвени за уписот на првоодделенците

May 28, 2020 15:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Основните училишта во Кочани се подготвени за уписот на учениците во прво одделение што ќе почне од понеделник, а што поради здравствената криза со Уредбата за примена на Законот на основно образование во вонредна состојба, годинава ќе трае до 30 јуни.

Од училиштата информираа дека уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември годинава ќе наполнат шест години, но и за оние кои ќе пројават интерес, а се родени во јануари 2015 година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Службите во Општина Кочани веќе ја завршија распределбата на учениците по училишта според нивното место на живеење и апелираа до родителите да се придржуваат кон истата.

– Ги повикувам родителите на децата кои треба да се запишат во прво одделение, целосно да ја почитуваат реонизацијата и да ги запишуваат според добиените покани од училиштата. На тој начин, покрај законските одредби, ќе се почитува и одлуката за реонизација при упис во прво одделение, донесена од Советот на Општина Кочани. Родителите се должни при уписот да достават извод од матичната книга на родените за детето, потврди за примените задолжителни вакцини, како и за офталмолошки и стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Во матичната служба во Кочани се пријавени близу 300 деца кои, според годината на раѓање, од наесен треба да тргнат во прво одделение. Сепак, искуството од изминатите години покажува дека бројот на запишани ученици во прво одделение е за петнаесетина отсто помал, за што причина е иселувањето на дел од семејствата во странство или во други градови во државата.

 

Next Post

Шекеринска: Избори час поскоро, ни треба држава со полн капацитет

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk