ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Ќе побараме од КЗБ преиспитување на протоколот за седење во угостителски објекти

Согласно Законот за угостителска дејност, келнери, менаџери или управители на угостителски објекти немаат право да легитимираат граѓани, односно гости. Тоа е регулирано согласно Законот за полиција, Законот за заштита на лични податоци и само службени лица може да легитимираат граѓани, по посебни критериуми, рече Бектеши.

May 28, 2020 18:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во гостувањето во вестите на телевизија Сител кажа дека согласно Законот за угостителска дејност нема одредба според која сопствениците, менаџерите и вработените во угостителските објекти имаат надлежност да ги легитимираат гостите, стои во соопштение од секторот за координација на активности на министерот за економија.

Министерството за економија ќе упати писмо до Комисијата за заразни болести за да се преиспита делот во протоколот за работа на угостителските објекти каде е пропишано колку лица може да се послужат на една маса и дали се од исто семејство или не.

Министерот потенцираше дека протоколот за работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана неколку пати беше дискутиран со угостителите кои имаа забелешки токму во овој дел.

Што се однесува до одредбите дека на една маса може да седат двајца, или четворица, но од исто семејство, јас можам да кажам само за она што е во надлежност на Министерството за економија.

Согласно Законот за угостителска дејност, келнери, менаџери или управители на угостителски објекти немаат право да легитимираат граѓани, односно гости. Тоа е регулирано согласно Законот за полиција, Законот за заштита на лични податоци и само службени лица може да легитимираат граѓани, по посебни
критериуми, кажа Бектеши во интервјуто.

Министерот потенцираше дека протоколот за работа на угостителските објекти треба  уште еднаш да се разгледа во детали од страна на Комисијата за заразни болести.

Ние како Министерство за економија ќе пратиме писмо до до Комисијата за заразни болести, ако претходно имавме забелешки, сега и во пракса во првиот ден, откако се отворија угостителските објекти може да се види дека протоколот тешко се применува и од страна на угостителите и од страна на гостите. Секако ќе бараме од Комисијата за заразни болести да ги преиспита овие одредби во протоколот за да нема заблуди и кај граѓаните и кај угостителите, кажа Бектеши.

Во однос на инспекциските контроли министерот уште еднаш поптенцираше дека инспекторите во првите десет дена од стапување на сила на новите протоколи ќе имаат едукативна задача, односно ќе ги едуцираат угостителите како да се придржуваат до мерките за заштита и нема да казнуваат, се вели во официјално соопштение од секторот за координација на активности на министерот.

Next Post

СДСМ: Лажната вест за ДУП во Трнодол е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ фукционира само со лажни вести

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026
Фото: Фејсбук на МВР

МВР: Лажни дојави за бомби во два трговски центри во Скопје

April 19, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски: Според ММФ, Македонија е трета во Европа по преземени мерки против ценовните шокови

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk