Претседателот на СДСМ, Зоран Заев истакна за напредокот во гасификацијата во земјата. Проектот кој се одолговлекува речиси 20 години, е во завршна фаза, со завршени 80%. Дополнително, како што пишува Заев, вкупна инвестиција од 3 милијарди евра за патна инфраструктура.
Во 2019 и 2020 година во услови на корона криза, завршени се 80% од примарната и секундарната гасификација во државава, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години. Досега инвестирани се речиси 1 милијарда евра во патната инфаструктура и во план е да инвестираме дополнителни 2 милијарди во следните неколку години. Рехабилитирани се повеќе од 750 километри патишта, се работи на 1.500 километри патна инфраструктура, завршена е 80% од магистралната гасификација, се градат 500 километри водовод и канализации.
Инвестициите во инфраструктурата отвораат нови работни места, влијаат на движењето на економијата и го подобруваат животот на секој еден граѓанин, напиша Заев во пост на Фејсбук.
А. Н. С.