ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

(ВИДЕО) Полициски час во Минеаполис, не еден, тројца полицајци го приклештиле Џорџ Флојд

May 30, 2020 08:45
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во повеќе градови во САД синоќа се случија низа протести поради полициското насилство и смртта за време на задржување на Афроамериканецот Џорџ Лојд. во неделата во Минеаполис.

Полицаецот, Дерек Шавин, кој со колена го приклешти Флојд, легнат и во лисици, по што задржаниот почина на место, синоќа беше уапсен и обвинет за убиство од втор степен, јави Си-ен-ен (на линкот серија од неколку видеа).

Обвинителот во Минеаполис изјави дека очекува и нови задржувања, најверојатно на останатите тројца полицајци. Од видео снимка од друг агол синоќа се дозна дека вкупно тројца службеници со колена и раце притискаат на легнат човек кој моли за помош со повик да стане и дека не може да дише, јави Си-ен-ен.

Набљудувачите укажуваат дека за време на пандемија на коронавирус во САД, лесно дојде до израз и „пандемијата на расизам и полициска бруталност врз црномурестото население“.

Демонстрантите го изразија својот гнев во градовите како Атланта, Њујорк и Вашингтон, со скандирање, изблици на насилство, кршење на излози и палење автомобили.

Во Њујорк, толпа од илјадници се судри со полицијата пред станицата Јунион. Во Атланта, Џорџија, протестантите кршеа прозорци на полициски возила, најмалку една кола беше запалена. Полицијата беше на готовс да се соочи со протестантите во паркот Стогодишната Олимпија.

Во Минеаполис пак, после неколку деноноќија анархија воведен е полициски час. Протестите беа одбележани со вандализам, грабежи, фрлање молотови коктели и пожари. Беа запалени многу возила и повеќе објекти, меѓу кои и полициска станица. Полицискиот час е воведен од синоќа од 20 часот со траење до 6 часот наутро. Исто така ќе биде и во сабота навечер. Соседниот град, Сент Пол, воведе сличен полициски час.

Во Минеаполис вчера за време на насилни грабежи и уништување на продавници и други бизниси, се случи и пукање, по што се дозна дека едно лице било застрелано.

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер вчера се обрати со соопштение да се престане со вадализмот во Минеаполис, и го искритикува „демократскиот градоначалник“ да се справи со ситуацијата или „ќе ја повикам војската“, завршувајќи со фразата „кога започнува грабежот, започнува и пукањето“.

Се дозна дека оваа фраза е од историјата на белиот супрематизам во САД, и била употребена од полициски началник за време на судење во Флорида во 1967 година. Фразата тогаш предизвикала гневни реакции од граѓанските активисти.

Поради ова, социјалната мрежа Твитер го сокри твитот на Трамп. Од таму укажаа на „нарушување на правилата на Твитер околу глорификација на насилство“. Твитот на претседателот сега е сокриен, а корисникот може да го види ако кликне на него. Твитот не може да се „лајкува“, споделува, и не може да се коментира или одговара.

Next Post

09: Денеска ќе се одлучува за вонредната состојба, донесени протолоките за градинките, лекови без хартија и во наредните 6 месеци, Тројца полицајци го приклештиле Флојд

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk