ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Oдбележување на 2 Јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници

June 2, 2020 15:33
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Марш на црвените чадори. Декември 2019 година. фото: Ванчо Џамбаски

Марш на црвените чадори. Декември 2019 година. фото: Ванчо Џамбаски

Share on FacebookShare on Twitter

СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот и ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, во соработка со феминистичката платформа Медуза и Сенки и облаци, организираат заедничка кампања со спроведување на активности по повод одбележувањето на 2 Јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници.

Одбележувањето на овој ден, велат организаторите, има една единствена цел, а тоа е сексуални работници, активисти, пријатели и поддржувачи да се обединат и заеднички да делуваат во насока на промена на свеста кај општата популација, за рушење на стереотипите поврзани со сексуалната работа, за намалување на стигмата и дискриминацијата кон сексуалните работници, и за подобрување на нивниот статус во општеството.

-Повод за одбележување на овој ден претставува акцијата во 1975 година, кога на 2 јуни се собрале околу 100 сексуални работници кои ја окупирале црквата Св. Низиер во Лион, Франција, со цел да го изразат својот гнев за нивните дискриминирани и експлоатирани услови за живеење и работење. На 10 јуни, во 5 часот, црквата била брутално нападната од страна на полицијата. Оваа нивна протестна акција претставува почеток на меѓународното движење на сексуални работници кои се залагаат за своите права. Оттогаш, секоја година овој ден се одбележува како Меѓународен ден на сексуалните работници во Европа и низ светот, се вели во соопштението од организаторите.

Во рамки на одбележувањето ќе се одржат неколку онлајн настани, како онлајн подкаст на тема „Живот под маска – сексуалната работа и работничките права“, онлајн хуманитарна аукција „Акција за Реакција“, која ќе започне денеска и ќе трае до 9 јуни преку социјалната мрежа Фејсбук. Во текот на оваа хуманитарна недела, ќе се реализираат продажба на дела, фотографии, накит и гардероба, собрани и изработени од хумани автори.

Денеска ќе се одржи и театарски перформанс „Тие сме“, со сенки со учество на сексуалните работници. Сведоштва и разговори со сексуални работници за нивната работа и како општеството ги перцепира и реагира на нив.

Next Post

Градоначалникот на Чаир позитивен на КОВИД-19

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk