Новата верзија на BMW 4 Series Coupe беше претставен денеска преку дигитална конференција.
Спортската верзија се заснова на најпродаваната серија BMW 3, но нуди многу поекстравагантен, а многумина ќе речат, поконтроверзен дизајн од „тројката“, пренесува Канал 5.
Големата решетка на радијаторите, карактеристичните „бубрези“ на BMW што предизвикаа лавина коментари на интернет. За повеќето се едноставно преголеми.
BMW очигледно не се откажува од својата филозофија на дизајнирање, но без разлика дали сте љубители на големи „бубрези“ или не, автомобилот навистина изгледа многу примамливо.
За разлика од седанот од серијата 3, купето од серијата 4 има пониско покривно ниво за 57 mm, зголемена цврстина, понизок центар за гравитација од 21 mm и поширока патека на задните тркала за 23 mm.
Распределбата на тежината 50:50 е фино распределена, прилагодени се адаптирани амортизери, како и суспензија, сето тоа за вистинско задоволство при возењето, што е надополнето со осумстепен автоматски менувач.Продажбата на овој нов автомобил започнува со пет варијанти.
Влезната верзија е со 2-литарскиот турбо полнач BMW 420i Coupé кој нуди 184 КС и 300 Nm максимален вртежен момент, забрзува до 100 km / h за 7,5 s, со максимална брзина од 240 km / h и потрошувачка од 5,8 l / 100 km.
BMW 430i Coupé нуди 258 КС и 400 Nm вртежен момент и достигнува 100 км на час за 5,8 секунди и развива максимална брзина од 250 км на час.