ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Денот на Шведска одбележан во духот на долгогодишното пријателство со Северна Македонија

За мене е особена чест и задоволство да можам да стојам денес токму на местото каде започнува длабокото пријателство меѓу Северна Македонија и Шведска, рече Амбасадорот Форсгерн Бенгтсон во разговор со директорот на болницата Андоновски.

June 5, 2020 14:07
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако вообичаено Националниот ден на Шведска се слави со прием во шведската резиденција, оваа година амбасадата на Шведска во Република Северна Македонија одлучи да го прослави на еден поинаков начин: расплетувајќи ја приказната за длабоките корени на пријателството помеѓу двете земји кои датираат уште од минатиот век.

Патувањето низ минатото започна на 4ти јуни пред болницата за респираторни болести кај деца „Козле“ на падините на планината Водно, за потоа да продолжи до улицата „Стокхолмска“ – уште еден значаен белег на поврзаноста помеѓу двете земји.

Амбасадорот на Шведска, Н.Е. Кристин Форсгрен Бенгтсон заедно со неколку колеги од амбасадата, почитувајќи ги сите мерки за лична заштита и безбедна дистанца, се сретнаа со директорот на болницата др. Ангелчо Андоновски за да ѝ врачат на болницата симболична донација од преку 60 шведски книги за деца, тинејџери и возрасни, преведени на јазиците што се зборуваат во Република Северна Македонија. За дечињата кои во моментот се хоспитализирани, како и за персоналот на болницата, во знак на благодарност и грижа беа подарени и земички со цимет – типични шведски слатки.

Пријателството помеѓу нашите две земји влече корени уште од 1963 година, по катастрофалниот земјотрес, кога многу земји од светот, меѓу кои и Шведска, во духот на солидарноста испратија помош. Мојата земја веќе во првите денови по земјотресот испрати медицински тимови и инжењери чија задача беше да пружат непосредна помош, но и да помогнат да се изградат домови и болници, меѓу кои и оваа болница за деца со респираторни проблеми. Сега на нејзино место стои модерен објект, но за мене е особена чест и задоволство да можам да стојам денес токму на местото каде започнува длабокото пријателство меѓу Северна Македонија и Шведска, рече Амбасадорот Форсгерн Бенгтсон во разговор со директорот на болницата Андоновски.

По посетата на болницата амбасадорот Форсгрен Бенгтсон ја посети и улицата „Стокхолмска“ една од многуте улици што ги носат имињата на главните градови на државите што испратија помош за Скопје.

Токму од „Стокхолмска“ започнува уште една активност на амбасадата: Дала коњот, еден од препознатливите симболи на Шведска, и особено на регионот Даларна, од каде и потекнува амбасадорката, го започнува своето патување низ Северна Македонија.

Ова лето нема да биде вообичаено лето. Границите засега се затворени и патувањата во странство ќе бидат предизвик. Многумина ќе се одлучат да останат во земјава и тука да го минат летото. Благословени сте со неверојатна природна убавина. И ние сакаме да ја откриеме таа убавина и да ја споделиме со сите оние кои не следат на социјалните мрежи. Токму затоа одлучивме Дала коњот да го испратиме на патешествие низ земјата, изјави амбасадорката Форсгрен Бенгтсон.

Вработените во амбасадата ќе патуваат низ Македонија во текот на летото, и заедно со Дала коњот ќе откриваат познати и непознати места и пејсажи.

Во раните попладневни часови на 4ти јуни, Националниот ден на Шведска се одбележа и со интонирање на шведската и македонската химна во шведската резиденција, каде оваа година единствен гостин на свечениот ручек со дистанца од 2 метри, беше министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на кого амбасадорката му се заблагодари за соработката, ги поздрави успесите постигнати во минатиот период и му подари Дала коњ.

За потсетување, Шведска е една од земјите кои меѓу првите испраќа помош за настраданите од земјотресот. Веќе во првите денови непосредно по земјотресот пристигнува медицинска помош и шатори за преживеаните. Покрај болницата во Козле, Шведска помага да се изградат бараки за домување во населбата Ѓорче Петров, како и дом за стари лица и уште една детска болница.

Шведска и понатаму ја поддржува Република Северна Македонија како најголем билатерален донор од земјите членки на ЕУ со развојна помош во вредност од околу 6 милиони евра во 2020 имплементирани преку шведската развојна агенција – Сида. Со развојната поддршка, на среден и долг рок, во соработка со локалните партнери, Шведска развива и спроведува проекти со кои се поддржуваат потребните реформи за интеграцијата во ЕУ преку зајакнување на демократските институции, унапредување на родовата еднаквост и заштитата на животната средина – области од големо значење за Шведска и нејзината надворешна политика./MИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Потврдени 177 нови позитивни на коронавирус, 105 од Скопје

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

October 7, 2025

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

October 6, 2025
Фото: Шанса за Центар

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев кон Мицкоски: Со небулози, клевети и навреди сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чарли Ханам како сериски убиец во „Монструм“: Ослабев 14 килограми за улогата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk