ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За 421 лице неповратни средства за самовработување

– Навистина ми е драго што меѓу вас има многу млади луѓе коишто имаат идеја за бизнис. Верувам дека вашите бизниси ќе станат одржливи и ќе растат со што ќе имате потреба од нови вработувања. Оваа година навистина бележиме огромен интерес за програмата Самовработување, и затоа Владата водејќи се пред се од интересот на невработените лица да се активираат на пазарот на трудот, одвои рекордни скоро 8 милиони евра како поддршка на поголем број идни претприемачи од првично предвидените средства, потенцирала Царовска.

October 24, 2019 18:36
in ЕКОНОМИЈА

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска и постојаната претставничка на УНДП во Северна Македонија Нарине Сахакјан денеска во Тетово се сретнаа со невработени лица кои се селектирани за користење на неповратни средства од програмата за самовработување, пренесува МИА.

Од вкупно 421 дополнително селектирано лице за кои се обезбедија средства од ребалансот на годинешниот буџет најголем број, односно 81 се од Тетово. Овие лица, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика, по успешно изработениот бизнис план набрзо ќе може да ги регистрираат своите фирми и ќе почнат со работа.

Министерката Царовска истакнала дека самостојните корисници добиваат грант предвиден со Оперативниот план за 2019 година до 5.000 евра, или ако се двајца содружници до 10.000 евра.

– Навистина ми е драго што меѓу вас има многу млади луѓе коишто имаат идеја за бизнис. Верувам дека вашите бизниси ќе станат одржливи и ќе растат со што ќе имате потреба од нови вработувања. Оваа година навистина бележиме огромен интерес за програмата Самовработување, и затоа Владата водејќи се пред се од интересот на невработените лица да се активираат на пазарот на трудот, одвои рекордни скоро 8 милиони евра како поддршка на поголем број идни претприемачи од првично предвидените средства, потенцирала Царовска.

Како што стои во соопштението, во последните три години средствата за Програмата за самовработување се зголемени повеќе од два пати во споредба со периодот од 2007 до 2016 година.

Постојаната претставничка на УНДП, Сахакјан изразила задоволство од многу годишното успешно партнерство со Владата и другите национални партнери при имплементацијата на Програмата за самовработување.

– Поради огромниот интерес за мерката што постојано расте, навистина можеме да кажеме дека самовработување е бренд програма на секој Оперативен план. Посебно ни е драго што младите стануваат движечка сила на оваа мерка со своите нови и иновативни бизнис идеи кои во иднина ќе генерираат и нови работни места, рекла Сахакјан.

Директорката на АВРСМ Билјана Јовановска информирала дека освен самовработување отворени се и други активни мерки од Оперативниот план за 2019 и тоа за ИТ обуките и за субвенционирање на платите.

– На ниво на цела држава за годинава предвидено е потпишување на вкупно 1.484 договори за самовработување. Од нив вкупно 557 лица, односно 38 проценти се млади лица, до 29 години, а 518, односно 35 проценти се жени, рекла Јовановска.

Во последните неколку години околу 15 проценти од вкупно регистрираните приватни бизниси во државата потпаѓаат под Програмата самовработување. Од 2007 година се формирани над 30.000 бизниси со самовработување, од кои 65 проценти се уште се активни.

Next Post

Зелените доаѓаат - конференција на ЦИВИЛ

НАЈНОВО

Чешка се соочува со огромен број дезинформации пред изборите

September 1, 2025

Евростат: 12% од жителите на ЕУ се соочиле со загадување во 2023

September 1, 2025

(ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk