Видеото, кое се шири на социјалните мрежи, прикажува група полицајци со мотоцикли кои се обидуваат да ги растераат демонстрантите.
Во еден момент, демонстрант со маска и очила за сонце на лицето поли еден од полицајците по грбот и го запали.
Полицаецот падна од моторот, а неговите колеги и минувачи се обидоа да му помогнат и да го изгаснат огнот.
Протестите во Мексико започнаа по смртта на Џовани Лопез (30), кој беше уапсен недалеку од Гвадалахара.
Во Мексико траат протестите и немирите заради полициската бруталност и смртта на мажот кој починал после апсењето, токму како случајот во САД каде е убиен Џорџ Флојд.
Неколку часа по апсењето, тој беше однесен од затворот во болница, каде што почина.
Неговиот брат објави фотографии на кои се гледа како полицијата користи сила при апсење на Лопез.
Беше објавено дека Лопез е уапсен затоа што не носел маска на јавно место, со што не ги почитувал мерките пропишани во борбата против коронавирусот. Меѓутоа, властите ги демантираа ваквите тврдења, а околностите се истражуваат.