ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димова: Злоупотреба на 2,2 милиони евра од Еразмус+ од 2016-2018 со местени тендерски документации

Наместо средствата да служат за градење на капацитетите на кориснците на оваа европска образовна програма, тие одат, рече Димова,  директно во џебовите на злосторничкото здружение. Притоа, цело време се случувала, како што рече, ужасна злоупотреба и на лични податоци зашто тие имале неограничен пристап до нив.

June 8, 2020 13:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА

Случај на измама и корупција од 2,2 милиони евра од средствата на образовната програма „Еразмус плус“ на Европската Унија наменета за Република Северна Македонија, која била организирана и спроведувана од 2016 до 2018 година, обелодени денеска на прес-конференција Лидија Димова, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Централната точка на шемата се неколку правни лица кои дејствуваат како злосторничко здружение, рече Димова, кое дејствувало на начин што прво им приоѓало на сите потенцијални корисници на програмата „Еразмус+“, кои може да бидат сите установи, како градинки, училишта, стручни установи, универзитети, невладини организации, младински организации итн. Им нуделе услуги за пишување проекти, а потоа, откако проектите се добивале од Националната агенција, низ процес на, како што рече, наместени јавни набавки, почнувала да се спровдува целата шема. Злосторничкото здружение потоа ја работело тендерската документација и во неа вметнувало, рече таа, необјасниви и дискриминирачки услови за да можат исклучиво тие да ги добијат проектите.

– На пример, од економскиот оператор се бара да има склучено догoвори со партнерските организации каде што ќе се оди на мобилност. Да потсетам дека овие ентитети кога ги добиле проектите веќе имаат договор со овие организации, така што единствено објаснување зошто ова се наоѓа како услов во тендерската документација е да се исфрли од игра секоја друга конкуренција. Потоа организацијата го добива тендерот и тоа не тендер под одреден износ, туку целиот. Онака како што го добива од Националната агенција, така го префрлува кај злосторничкото здружение и тоа е флагрантно кршење на правилата на „Еразмус“, рече Димова на прес-конференцијата симболично насловена „Пирамидата во Ерзамус“.

Наместо средствата да служат за градење на капацитетите на кориснците на оваа европска образовна програма, тие одат, рече Димова,  директно во џебовите на злосторничкото здружение. Притоа, цело време се случувала, како што рече, ужасна злоупотреба и на лични податоци зашто тие имале неограничен пристап до нив.

-Со други зборови, тие се извршители на проектот во сенка. Злосторничкото здружение ги надминува границите на Република Северна Македонија и веќе зазема европска димензија. Станува збор за осум организации во пет различни држави. Ако ги погледнете сите проекти во Македонија. ќе видите дека сите одат на исти мобилности низ Европа, соопшти Димова.

Со откривањето на случајот биле направени проверки на местата во странство со помош на нивни колеги од другите национални агенции за оваа образовна програма на ЕУ и за тоа таа особено им се заблагодари на агенциите на Бугарија, Естонија, Шпанија, Италија и Португалија.

Рече и дека има уште многу други злоупотреби, но не ги открива во корист на истрагата. Случајот по основ на сторени повеќе кривични дела е пријавен во Јавното обвинителство, како и во Европската комисија, Комисијата за заштита на конкуренцијата, а се подготвува претставка и до Дирекцијата за заштита на лични податоци.

На крајот од прес-конференцијата директорката на Националната агенција за европски образовни програми  додаде и дека „сега  е многу појасно од каде произлезе политички оркестрираниот напад на ВМРО-ДПМНЕ против Националната агенција“ која, како што рече, во последните две години напорно работи и постојано  дава нови резултати./МИА/

Next Post

Османи: Нема нови позитивни на Ковид-19 во СЕП, реорганизиран е работниот процес

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk