ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски за грчката ТВ „Алфа”: Исходот од Брисел беше шок за сите

Претседателот Пендаровски објаснува дека она што ќе биде на чекање сѐ додека не започнат пристапните преговори со ЕУ е делот што се однесува на внатрешната и надворешната коресподенција и употребата на новото име.

October 25, 2019 14:17
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Тој додава дека на лидерската средба одржана во неделата, сите партии, без разлика дали се од власта или опозицијата биле со исти чувства и став: „испорачавме сѐ што ни беше побарано и одеднаш Европската унија ни вели уште не сме подготвени”, пренесе МИА.

– Од 2009 во сите извештаи на Европската комисија и потоа во сите коминикеа од Европската унија велеа дека постои само едно нерешено прашање, долгогодишниот спор за името меѓу нас и вашата земја. Го решивме тоа со Договорот од Преспа и одеднаш Европската унија ни вели ние не сме подготвени, бидејќи пред тоа треба да направиме некои внатрешни реформи. Тоа не беше искрено, ниту праведно за сите што се длабоко инволвирани во овој процес. Сето ова, Договорот од Преспа, сите реформи, но Преспа на прво место е поради Европа. Ние сакаме да бидеме дел од Европската унија. И одеднаш никаде не ја гледаме Европската унија. Никаде ја нема Европската унија, вели Пендаровски, пренесе МИА.

Претседателот Пендаровски објаснува дека она што ќе биде на чекање сѐ додека не започнат пристапните преговори со ЕУ е делот што се однесува на внатрешната и надворешната коресподенција и употребата на новото име.

-Говорејќи за целиот пакет, веќе го имплементиравме новото име во внатрешноста и би можел да кажам дека тоа за нас беше најтешкиот дел од Договорот од Преспа, истакнува Пендаровски.

Посочува дека за неколку месеци земјата ќе влезе во НАТО и тоа е благодарение на Договорот од Преспа.

-За луѓето што и тука и таму се скептични, да повторам уште еднаш Договорот од Преспа беше главна причина зошто државите членки на Северно-атлантската алијанса рекоа „да” за наше членство. Ако не во ноември или декември, тогаш сигурно во првите четири месеци од 2020 ќе бидеме полноправна членка на НАТО алијансата и тоа е директен производ од Договорот од Преспа, додава претседателот во интервјуто за грчката телевизија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

СОНК не прифаќа зголемување на платите од 10 отсто, генерален штрајк на 11 ноември

НАЈНОВО

Фото: СДСМ

Филипче од Куманово: Димитриевски и ЗНАМ одат во политичка пензија, ги чека пораз во Центар и Куманово!

October 17, 2025

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

October 17, 2025
Фото: Скирншот, АП

Трамп: САД ќе разгледаат испраќање ракети „Томахавк“ во Украина, се надевам дека ќе ја завршат војната без нив

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk