ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Вчера 41 милион денари за оризопроизводителите, денеска 153 милиони денари за млекопроизводителите

-Исплатената мерка од пет денари за оризопроизводителите е интервентна, додека за млекопроизводителите се исплаќа редовната мерка. Дополнителните 915 милиони денари кои ги добивме со ребалансот ќе бидат насочени претежно кон интервентни мерки, а заедно со буџетот за 2019 година ќе им бидат исплатени близу седум милијарди денари на земјоделците, рече Димковски на денешната прес-конференција.

October 25, 2019 14:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На 1.130 оризопроизводители вчера им беа исплатени 41 милион денари за предадена арпа, а денеска на сточарите ќе им бидат исплатени 153 милиони денари за предадено млеко.  Исплатата преку програмата за финансиска поддршка во земјодеството и руралниот развој, како што веели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, следи откако се направи ребалансот на буџетот и стана оперативен, пренесе МИА.

-Исплатената мерка од пет денари за оризопроизводителите е интервентна, додека за млекопроизводителите се исплаќа редовната мерка. Дополнителните 915 милиони денари кои ги добивме со ребалансот ќе бидат насочени претежно кон интервентни мерки, а заедно со буџетот за 2019 година ќе им бидат исплатени близу седум милијарди денари на земјоделците, рече Димковски на денешната прес-конференција.

Потсети дека лани се воведоа неколку интервентни мерки, а годинава, како што кажа се исплаќаат и тоа еден денар дополнителна субвенција за откупувачите на пченица за што се предвидени 40 милини денари, три денари за јаболкопроизводителите за што се очекува дабидат исплатени околу 160 милиони денари, а предвидени се и 40 милиони денари за депопулација на свињите доколку има потреба поради африканската свинска чума.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски посочи дека само за два дена се исплатени 194,75 милиони денари за предадено овчо, козјо и кравјо млеко и за предадената оризова арпа.

-Во изминатиот период тековно одеа редовните исплатени, а одиме со исплатата на мерките кои се дополнително воведени. За овошните култури предадени  во преработувачките капацитети исплатени се 75 милиони денари на 1.460 лица од кои само за јаболкото се 39,5 милиони денари, а за другите овошни култури вкупно исплативме 115 милиони денари. За дополнителната мерка за грозјето беа исплатени 6.240 лица со 66,2 милиона денари, рече Бабовски и додаде дека со дополнителните плаќања се трудат да се надомести и се она што беше како елемнтарна непогода и да се намалат загубите на земјоделците.

До овој момент, како што кажа, земјоделците наточиле зелена нафта за земјоделската механизација во вредност од 71,6 милиони денари за што биле доставени 50.500 персонализирани картички.

Next Post

Павловска: Законите се бесмислени доколку не се почитуваат!

Shortcut

Најново

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk