– Денеска нашето членство во НАТО Алијансата навистина станува реалност. На средбите со министрите за одбрана на сите земји членки на НАТО и вчера и денес, ја чувме истата порака, дека очекуваат час поскоро да станеме полноправна членка на Алијансата и дека сите тие сметаат дека тоа е вистински чекор во вистинско време, истакнува министерката Шекеринска.
„Денес имав прилика да бидам и првиот претставник на нашата Влада кој што влезе во просториите кои НАТО – Алијансата ги подготви за својата 30. членка. Тоа покажува дека сите наши подготовки течат според планот и тоа покажува дека сме добредојдени во најмоќниот воено – политички сојуз“, завршува министерката за одбрана Радмила Шекеринска во видео обраќањето поставено на официјалната Фејсбук страна од министерката.
Ј.Ѓ