ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трпеновски: Издадени дозволи по итна постапка за 14 средства за дезинфекција, со обврска да се регистрираат по крајот на вонредната состојба

June 12, 2020 16:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Министерството за здравство, сектор хемикалии во услови на пандемија дозволите употреба на средства за дезинфекција ги дава по брза постапка во рок од два дена, со обврска на производителот кога ќе заврши вонредната состојба да ја заврши постапката за регистрирање на производот“, информираше денеска Горан Трпеновски од Државната комисија за спречување на корупција, во однос на отворениот предмет за појавата на нерегистрирани средства за дезинфекција во употреба.

Ваква дозвола за време на вонредната состојба досега добиле седум фирми со 14 производи за дезинфекција.

Од проверката во Бирото за јавни набавки, информираше Трпеновски, се покажало дека нема автоматски механизам за контролата на набавките поврзани со КОВИД-19, бидејќи во услови на вонредна состојба и пандемија сите набавки се итни и неодложни и се склучуваат во четири очи, со обврска да се пријави во рок од десет дена.

„Од бирото ни напоменаа дека треба да се направи ревизија за овие постапки, бидејќи кај сите договори во четири очи има голем простор за злоупотреби и корупција. Затоа ДКСК ќе даде укажување до Министерство за здравство за изнаоѓање законски решенија по однос на работењето и постапувањето на институциите во услови на вонредна состојба, со цел спречување на недоследности во нивното постапување. Со особено внимание на јавните набавки кои вклучуваат трошење на буџетски средства, дистрибуција на државна помош, донации и работата на инспекторатите“, изјави Трпеновски.

Од проверката на Државниот инспекторат, посочи Трпеновски, најдено е дека фирмата „Мултихем“ има донирано незначително количини на средства за дезинфекција на државни инстутиции во Струмица, конкретно на МВР и на Струмичката болница.

„По проверката таа донација е дадена во незначителни количини во период 2, 6 и 7 април, а дозволата за употреба на тој производ ја добиле на 8 април, што значи дека околу 400 литри се пуштени во употреба без да ја добијат потребната документација“, изјави Трпеновски.

На прашање дали во маркетите се продаваат такви средства, Трпеновски, рече дека се додека не се заврши целокупната регистрација тие производи нема да бидат објавени и дури откако ќе заврши регистрацијата ќе бидат објавена на листата на хемикалии.

„Тоа е зошто во услови на пандемија е можно тие средства сега да се регистрираат и усно, со обврска да се продолжи нивната регистрација по завршување на вонредната постапка, по што ќе се знае точно кој е производител на некој производ и дали е лиценциран“, појасни Трпеновски.

Next Post

Арсовска: Wonderland Theatre со претставата „Илузии“, изградија арка за спас на театарот

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk