ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бајрами: ИВЗ пет години не доставила извештај за работењето до Централен регистар

June 12, 2020 17:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

„Последните пет години Исламската верска заедница не доставила основен извештај и годишна сметка до Централниот регистар. Поради непреземање на мерки од страна на Централниот регистар, Антикорупциската комисија ќе поведе иницијатива за утврдување на одговорност на директорот и на службени лица од таа институција до Владата. ДСКС од УЈП ќе се побара да достави записник за извршената финансиска контрола за работењето на ИВЗ за период од 1 јануари 2014 до 31 декември 2018 година. Антикорупциска ќе го почека записникот за да одлучи какви мерки ќе преземе, а за ова ќе ја извести и Владата“, информира антикорупционерот Нури Бајрами.

„Од Министерството за финансии добивме информација дека ИВЗ, по основ на враќање на имот, добила обврзници во висина од 9.100.000 евра, како компензација за имот кој не може да се врати, или поконкретно се работи за над 48.000 квадратни метри земјиште и 210 квадрати станбен простор“, вели Бајрами.

Тој информира дека за злоупотребата на финансиското работење на ИВЗ е доставена пријава до Јавното обвинителство за организиран криминал, а до Антикорупциска била доставена копија од пријавата и биле приложени 116 докази. Поради постапката во обвинителството, Бајрами рече дека не може да ги презентира тие докази.

„Обвинителството треба да одлучи дали врз основа на пријавата ќе биде поднесен обвинителен акт. Кога ќе одлучи ЈО, јавноста ќе биде известена“, вели Бајрами.

Од Антикорупциската комисија ќе побараат проверка на регулативата, односно на Законот за црква, верски заедници и религиозни групи, Законот за здруженија и Законот за сметководство на непрофитните организации, бидејќи не се сите под ист назив, а некој може да создаде конфузија меѓу непрофитни, здруженија на граѓани и здружени граѓани, појасни членот на ДКСК Бајрами.

Бајрами информира дека до ДКСК на 1 ноември 2019 била поднесена пријава за сомневање за незаконитости. и злоупотреба на финансиски средства од страна на раководители и верски службеници на ИВЗ. Од ИВЗ реагирале дека нејзините пари не се од државниот буџет па затоа ДКСК нема право да се меша во нејзината автономија. Но, Бајрами појасни дека службените лица од сите институции, одговараат пред нив. Тоа што тие не иницирале постапки за недоставување на извештај, што веднаш спаѓа под надлежност на ДКСК, бидејќи непреземале дејствија

Тој му порача на доскорешниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи дека „никој не е над законот, па ниту ИВЗ“.

Next Post

Преглед на вести во 18 часот: Ахмети сонува за две новости на политичката сцена во земјава, Стоилковски на кафе без маска или пак отсјај?

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk