ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сопругот на родилката: Сакаме да ја чуете нашата вистина

Откако беше ставена во изолација ја напушти ГАК на свое барање, се породи во приватна болница “Ремедика“ каде се утврди дека и таа е позитивна. Сега се наоѓа во самоизолација, дома бидејќи вчера на свое барање ја напуштила и Инфективна клиника, каде беше префрлена по породувањето со царски рез. Новороденчето е изолирано и одвоено од неа на две недели.

June 12, 2020 20:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Се огласи семејството на родилката-лекарка од ГАК за чие однесување се крена јавноста и институциите бидејќи не кажала дека има заболен или сомнителен член на семејството со што беа ставени во самоизолација многу лекари, медицински сестри и друг персонал во две болници, пишува Нова ТВ.

Откако беше ставена во изолација ја напушти ГАК на свое барање, се породи во приватна болница “Ремедика“ каде се утврди дека и таа е позитивна. Сега се наоѓа во самоизолација, дома бидејќи вчера на свое барање ја напуштила и Инфективна клиника, каде беше префрлена по породувањето со царски рез. Новороденчето е изолирано и одвоено од неа на две недели.

Во писмото испратено од нејзиниот сопруг, за кое бараше да биде објавено во целост, се вели:

„Поради голем број на дезинформации, чувствуваме потреба да ве известиме за правата вистина. Имено пациентката е однесена на УК за Гинекологија и акушерство на 6 јуни поради крварење (не за породување, Документ 1), додека нејзиниот свекор доби известување на 7 јуни, еден ден после примањето на пациентката на клиниката, дека е позитивен на ковид 19. (Документ 2).

Веднаш откако дознавме за позитивниот резултат, ја известивме докторката која ја следеше ситуацијата на пациентката и која работи на ГАК. Бидејќи таа не била на работа, ги известила колегите кои веднаш потоа ја изолирале пациентката. На 7-ми е пуштена дома, поради подобрување на нејзината состојба и неповолните услови за подолг престој.

На 8-ми јуни пациентката е однесена во „Ремедика“, каде што при прием е пополнет АНКЕТЕН лист, во кое првото прашање гласи дали сте имале контакт со инфицирано лице со ковид 19, и заокружено е со ДА.

Овој анкетен лист, според „Ремедика“е архивиран кај нив и ќе биде доставен по службено барање од надлежните. Заради одговорот во анкетниот лист „Ремедика“ има преземено мерки и ја изолираа пациентката. По породувањето, бебето не и е дадено на мајката (новороденчето е негативно на тестот) и уште при породување на мајката и земале брис.

Инаку, нејзиниот свекор се пријави за тестирање поради позитивни случаи со ковид 19 на работа, во просветниот инспекторат. Ги молам медиумите да ги проверат информациите пред да ги пласираат на етерот, бидејќи кружат дезинформации и лажни вести.

Ќе ви одговориме на сите прашање, но ве молам да имате трпение да го надминеме вирусот, свекорот спаѓа во ризична категорија на луѓе, бидејќи има неколку хронични болести. Пациентката се опоравува од царското породување, од вирусот и се соочува со фактот дека новороденчето ќе биде далеку од неа најмалку две недели“, се вели во писмото од сопругот, кој побарал од Нова ТВ  да не се објавува неговиот идентитет.

Next Post

Маричиќ: Не преферираме избори без опозиција, но не сакаме да дозволиме бесконечно кочење

НАЈНОВО

Експерти од Словенија, Италија, Австрија или Германија ќе утврдуваат дали се правеле непотребни операции во приватните болници

August 25, 2025

Словачкиот поет Иван Штрпка лауреат на годинешните Струшки вечери на поезијата, врачени највисоките признанија

August 25, 2025
Фото: Скриншот

ФК Шкупи, Брегалница и ФФМ го осудија инцидентот во Штип, МВР уапси 43 годишен родител на фудбалер

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk