ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата ја одржа 66-та седница, донесени уредби и за естрадните уметници и радиодифузерите

June 14, 2020 09:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Од владината прес-служба информираат дека во рамки на 66-тата седница, Владата донесе повеќе одлуки, меѓу кои беа вклучени и уредбите за естрадните уметници и радиодифузерите.

Владата вчеравечер ги прифати и измените и дополнувањата на Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19, со кои со оваа уредба сега се опфатени и естрадните работници, како и  радиодифузерите кои од регулаторното тело надлежно за работите од областа на радиодифузија добиле дозвола за емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс или преку сателит, за надомест на трошоците за пренос на сигнал за 2020 година.
Во врска со оваа уредба, Владата денеска донесе измени и дополнување на одлуката за начинот на исплата на средства од сметката за донација на Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД – 19, во која се додадени естрадните уметници и радиодифузерите кои од регулаторното тело надлежно за работите од областа на радиодифузија добиле дозвола за емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс или преку сателит, за надомест на трошоците за пренос на сигнал (дотур на модулации) за 2020 година.
Владата на оваа седница донесе Уредба со законска сила за начин на наплата на надоместоците од страна на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија од радиодифузерите кои вршат радио емитување за време на вонредна состојба, со која, заради економските последици од корона кризата на радиодифузерите кои обезбедуваат радио емитување (радија) Јавното претпријатие Македонска радиодифузија нема да им ги наплаќа трошоците за обезбедување на енергетско напојување на радиодифузни уреди за 2020 година и трошоците за закуп на деловен простор на радиодифузни објекти на ЈП МРД за 2020 година, определени со Ценовникот на услуги на јавното претпријатие.
Радиодифузерите кои до денот на влегувањето во сила на оваа уредба ги платиле надоместоците за обезбедување на енергетско напојување на радиодифузни уреди за 2020 година и надоместоците за закуп на деловен простор на радиодифузни објекти на ЈП МРД за 2020 година, ќе се смета дека извршиле плаќање на надоместоците за 2021 година, согласно Законот за основање на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија.
На денешната седница Владата ја донесе Одлука за распределба на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19 кризата за распределба на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19 кризата, со која се доделени на 40 гранта на здруженија и фондации, во вкупна вредност од 29.647.474  денари.
Next Post

ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција за изборите пред своето седиште

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk