ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Владата донесе уредби за поддршка на ученици и студенти за дигитални вештини, за сместување и студирање

June 14, 2020 08:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на вчерашната седница донесе повеќе одлуки, во кои беа вклучени и уредбите за образование, поддршка на ученици и студенти за дигитални вештини, како и уредби за сместување и студирање.

Владата ја разгледа и усвои Информација за реализација на мерката 1.3 од Третиот сет економски мерки за ревитализирање и рестарт на економијата во услови на КОВИД-19, и даде согласност за ваучери за средношколци кои доаѓаат од семејства со ниски приходи во максимален износ до 3.000 денари да се искористат за купување на училишен прибор, и за оваа намена донесе Уредба со законска сила за доделување на средства на ученици запишани во јавните средни училишта за купување на училишен прибор, а кои се од семејства со ниски приходи за време на вонредна состојба.

Вчеравечер е донесена и Уредбата со законска сила за издавање на ваучери на млади лица за стекнување со информатичко-технолошки и дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на труд за време на вонредна состојба, со која се уредуваат условите, начинот и постапката за издавање и користење на ваучери со номинална вредност до 30.000 денари, издаден од Министерството за образование и наука, на млади лица за обуки за дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот, погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.

Средствата за спроведување на оваа уредба се обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија преку Програмата на Министерството за образование и наука П1-Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, во вкупен износ од 150.000.000,00 денари.

На вчерашната седница е донесена и Уредба со законска сила за плаќање на дел од партиципацијата во трошоците за студирање за студенти запишани за прв пат на прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во Република Северна Македонија, партиципација за сместување во студентски дом и партиципација на трошоците за приватно сместување на студенти чие образование се финансира од буџетот на Република Северна Македонија, а се од семејства со ниски приходи за време на вонредна состојба.

Студентите опфатени со оваа уредба можат да искористат само една од партиципациите за трошоците за студирање за студентите која е еднократна и изнесува до 6.000 денари, еднократната партиципација на трошоците за сместување во студентски дом до 6.000 денари, или партиципацијата на трошоците за приватно сместување за студентите од член, која исто така е еднократна и изнесува до 6.000 денари.

Next Post

Утврден протокол за непречен транзит на странци преку Табановце, Девер Баир, Богордица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk