Премиерот Зоран Заев, на конститутивниот состанок на Акциската група за координација на институциите на државата за борба против дезинформации и напади на демократијата, вака ја опиша состојбата.
„Се сеќавате на една вест која тврдеше дека, замислете, ‘бугарски кран влезе во Македонија, ќе се отстранува споменикот на Александар Македонски’ – после што мала група граѓани се собраа на плоштадот во Скопје да го бранат споменикот од бугарскиот кран. Денес сме сведоци дека сите тие, таканаречени вести – беа лажни. Имаа цел да манипулираат, да го вознемируваат населението.“