ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Браната на река Отиња е многу важен и тежок проект за реализација, претходните власти го избегнуваа

June 15, 2020 15:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на денешната прес-конференцина ја информираше јавноста за за постапката за отпочнување на изградба на најголемиот капитален проект за Штип, брана на река Отиња.

Тој истакна дека брана на река Отиња претставува најголемиот капитален проект за Штип, долгогодишна желба на граѓаните, реална потреба за градот.

„Не би споменувал за сите придобивки кои ќе се добијат при изградбата, бидејќи за тоа многу пати дискутиравме до сега.

Бидејќи многу се говори во јавноста, некогаш од реална потреба за информирање на граѓаните, а некогаш од друг тип на побуди кај одредени структури кои многу често преку манипулации сакаат да фрлат сенка на овој важен проект.

Совршено ми е јасно зошто претходните локални власти мудро и вешто молчеа и го избегнуваа овој проект, а не го ни спомнуваа во изборните кампањи. Заради тоа што е многу гломазен и тежок проект за реализација.

За да нема никакви забуни во јавноста и поради транспарентноста и отчетноста на нашето работење сакам да информирам дека ако во изминатите 40 години имало само некаква идеја, желба и започнат а недовршен проект, денеска за само две ипол години имаме завршен основен проект со изработена ревизија, изработена студија за оцена на влијанието врз животната средина, изработен и усвоен детален урбанистички план за брана Отиња.

Би сакал да информирам дека поминавме уште еден важен чекор во проектот брана , а тоа е последниот документ којшто го добивме пред неколку дена – позитивно мислење од Институт за земјотресно инжинерство и инжинерска сеизмологија (ИЗИИС).

Во моментот се чека и последниот чекор пред распишување на постапка за изградба на проектот брана на река Отиња, а тоа е одобрение за градење од страна на Министерство за транспорт и врски кадешто според законските рокови очекуваме во брз временски рок да добиеме одобрение за градење.

Како градоначалник на Општина Штип нема да дозволам макотрпната работа во изминатите две ипол години од страна на Општината, Владата, неколку ресорни министерства, проектантие, инжинерите, професорите да биде омаловажуван.

Јас на овој проект приоѓам со многу ентузијазам и желба заради тоа што за овој проект вреди да се даде се од себе, да се потроши многу енергија и време.

Почитувани сограѓани,

Ги надминуваме препреките, ги решаваме проблемите, од овој проект не се откажуваме благодарение истрајноста и одлучноста на оваа локална и централна власт,“ кажа градоначалникот Бочварски.

 

 

Next Post

Во Виница се градат 36 социјални станови, ќе се инвестира и во градскиот водовод

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн

„Safe Water Sports“ советуваат како да се заштитиме од давење во водена средина

August 10, 2025
Фото: Генералштаб на Армијата

Армијата и Министерството за одбрана им оддадe почит на загинатите припадници кај Љуботенски бачила

August 10, 2025

ЦУК: Од вкупно осум пожари на отворен простор, активни се четири

August 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Инцидент за време на протестот во Кочани: Возило им го пресекло патот на родителите на загинатите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Внатрешна контрола на МВР го проверува постапувањето на полициските службеници за скандалот во Демир Хисар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори – шанса за поправен испит за нашата зрелост како нација и држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk