пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Не сум забележал каде тоа претседателот Пендаровски објаснил дека она што ќе биде на чекање, сѐ додека не почнат пристапните преговори со ЕУ, е делот што се однесува на внатрешната и надворешната кореспонденција и употребата на новото име.
Но, така е објавено по радиоактивните портали и јас верувам дека тој став е став на државата, односно дека е усогласен со премиерот Заев, со владата и со Собранието.
На половината Македонија, која не го даваше името, и која е, претпоставувам, веќе испоумрена од тага по загубениот идентитет, сега ќе ѝ се приклучи најмалку половина од половината која беше за промена на името и сите заедно, односно новофрмираното мнозинство, ќе навива цел живот и преку тоа, да ја нервира меѓународната заедница во редот во кој ќе чека Македонија да го пушти најновиот модел на своето име.
Македонија 11 макс про.
Или така некако.
Мамицу им ебам.
Они нас ќе не заебаваат.
Микрони.
Да, не знам зошто не е решено на чекање да го ставиме и името на францускиот претседател. Да го викаме микрон, со мало “м” додека не му дојде умот и не се откаже од новата методологија за мерење на европската глупавост. Кај што, со решението да го ставиме новото име на листата на чекање, Македонија би го освоила првото место, сто посто.
Микрон Прилепски.
Крушевско џаде без број.
Се сеќавате ли на тоа име?
Кое беше израз на македонската модерност уште пред педесет години.
И повеќе…
Макар што, признавам, има некој резон во тоа што го објаснил Пендаровски.
Ако го објаснил.
Дури има и договорна, односно законска основа.
Не само што ќе го ставиме на чекање новото име, туку можеме, така може да ѝ се рече на меѓународната заедница, ако не оставите да се умориме од чекање или ако тие, односно светот, папса од чекање, да си го вратиме старото име.
Ако, пак, тие, односно светот, покаже минимални знаци на неразумност, над нивото на Макрон, би можеле да си туриме скроз ново име, ама по наше: Република Цела Да Е Македонија До Под Катерини, скратено РЦДЕМДПК, на англиски ROTBMFUK.
Или така некако.
Кога чул за објаснувањето на Пендаровски, Ердоган ја сопрел офанзивата во Курдистан, а Орбан решил да го прати Груевски на одмор во хотелот “Десарет” во Охрид, полупансион, осум дена, седум ноќи. Борче, пак, се откажал од брегзитот. Затоа што му рекле дека на Гордиот Албион му е подобро да излезе на тераса отколку од Унијата, да и го начука Хенри Осми на Унијата, од нашата тераса може да ја види гоцевата раса, а од европскиот излез не може да види ништо што не е смрт.
На Британија.
Големата империја која да се вика Македонија, на светот ќе му објави дека на чекање се става самата себе.
Хахаха!
Можеби може новиот стар фаворит на надворешната политика, другарот Срчан, да го свика Советот за безбедност.
Во менхатенскиот пентхаус што го купи со парите на Тричковски.
Или во опатискиот.
Маршала Тита, бе, бе.
Ако Макрон му стави десет евра во шипе, Срчан би можел да чека илјада години.
За кое било име!
Ми се допаѓаат храбрите решенија.
Кои, додуша, можат да го доведат Македонецот во ситуација да не знае како му се вика државата, но тоа би била добра ситуација, најсериозен знак дека со нашиот човек, конечно, се е океј.
Да нема држава или да не знае како му се вика- каква е разликата?!
Така што, Стево, ова со чекањето, мислам на чекањето на употребата на името, е полошо отколку чекањето на почетокот на преговорите, односно чекањето на милоста на Макрон.
Сте размислувале ли за тоа дека, можеби, и Макрон чека.
Не да го повлечете вашето чекање на новото име, туку нешто многу поконкретно.
Ние сме мала, скапана држава, но секогаш можеме да понудиме повеќе.
Од бандитите во бегство.
Дури и од Путин.
Да, да и од ево.
Убиќу се
Неќу знати
Дал ќеш за мном
Заплакати
Часот е пет.
Чекам.
На лет
Со Гоце и Даме
И кутлешкото Знаме.
Светот, меѓутоа, не се плаши од уставното име на Македонија.
Од ниту едно од бројните уставни имиња, туку од тоа дека малата слатка државичка на полудениот народ, може да се распадне.
Светот го боли курот што ќе пишува на надгробниот споменик, но стравува дека околу наследството би можеле да се јават страшни пиздарии.
Тоа е темата.
Единствената шанса на Северна Македонија се симпатиите со кои е опсипана по атентатот во Брисел. Тоа не беше наш дебакл. Туку дебакл на Европа. Не го ставаме новото име на чекање туку самите се ставаме во позиција да чекаме. Односно ја прифаќаме улогата што развојот на ситуацијата ни го има доделено. Тоа не е лоша улога.
Никој, ниту Макрон, ниту свети Макрон, не може оваа говно да го држи надвор од тоалетната чинија, а да не му смрди. Идеите за вакви и онакви зони, можеби се стремат кон изолација на оваа проколната парче од континентот, но тоа е бесмислица еднаква на онаа со говното.