Меѓународниот ден на мирот, 21 септември, оваа година е посветен на борбата против сите форми на насилство, недоразбирања, конфликти повикувјќи ги сите луѓе во светот заеднички да придонесат за меѓусебно почитување и надминување на меѓусебните недоразбирања, за промовирање на човековите права и слободи и за подобрување на условите за живот во мир и достоинство, за демократски просперитет…
Со Резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации од 2001 година, 21 септември е прогласен за Меѓународен ден на мирот. Резолуцијата ги обврзува сите држави-членки на ООН, редовно и секоја година, Денот на мирот да го одбележуваат со соодветни програми.
Темата на Меѓународниот ден на мирот оваа година е „Климатска акција за мир“. Темата се фокусира на потребата од борба против климатските промени, како начин да се заштити и промовира мирот низ целиот свет. Според ОН, климатските промени предизвикуваат јасни закани за меѓународниот мир и безбедност.
Б. Ј.