ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Утре протест во организација на „Здрава котлина“ против одлуката на Управниот суд за Иловица

June 19, 2020 12:50
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на рудникот Иловица во струмичкиот регион најавуваат протести, откако Управниот суд преку одлука за време на вонредна состојба ја врати можноста „Еуромакс Ресорсис“ сепак да го гради рудникот во близина на струмичките села Иловица и Штука. Во сабота, 20 јуни, со почеток во 11 часот ќе го организираат првиот протестен собир против одлуката на Судот во полза на концесионерот на рудникот за бакар и злато на планината Огражден. Тие велат дека нема да се откажат од својата борба против отворање на овој рудник, пренесува МЕТА.

„Воопшто немаме намера да седиме мирно и да чекаме што некој ќе ни пресуди за нашата иднина по одлуката на Управниот суд  за рудникот Иловица“, се вели во соопштението до јавноста на здружението „Здрава Котлина“.

Најавите на струмичките еколошки здруженија за нови протести доаѓаат точно една година по серијата блокади на влезот на рудникот кај селото Штука, кои траеја 19 дена и резултираа со одлуката на Владата да го одбие барањето за издавање на дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово на ЕУРОМАКС Ресоурцес ДОО Скопје. Решението за одбивање на дозволата за Иловица Владата го донесе на 4 јули 2019 година, откако било утврдено дека од Еуромакс не ги доставиле сите потребни документи за екслоатација согласно Законот за минерални суровини.

Здружението „Здрава Котлина“ од Струмица, кое и овојпат се јавува како организатор на протестите смета дека и „Владата и Министерството за економија со право ја одземале конесијата на „Еуромакс Ресорсис“ согласно законите, но дека „ Управниот суд очигледно има намера ова да го поништи и сите нас да не осудат на бавна смрт“.

„Нема да дозволиме корумпирани судии за да си играат со судбината на 200 илјади граѓани во Југоисточна Македонија“, се вели, меѓу другото во соопштението на Здрава Котлина.

Струмичките активисти се револтирани од одлуката на Судот, со која одлуката за одземање на концесијата за рудникот Иловица беше вратена на повторно одлучување на Второстепената владина комисија. Тие најавуваат дека на последниот ден пред почетокот на предизборниот молк, до 13:00 часот, до Министерството за економија и Јавното правобранителство ќе достават материјали од правна природа и ќе објават документи за коруптивни врски на поединци од сите политички партии со канадската компанија „Еуромакс Рисоурсис“ во замена за политичко влијание во корист на отварање на рудникот.

„Ние рудникот го сопревме засекогаш и нема сила што ќе не натера да отстапиме од тоа. ‘Еуромакс Рисорсис’ се свесни за тоа, но преку судски заврзлами се обидуваат да искамчат што поголема ‘оштета’ од државата и така да се спасат. На крајот, ќе добијат шипинки“, смета Крум Велков, активист од „Спас за струмичката котлина“ и додава дека „секој обид за политикантско мешетарење врз грбот на отпорот против рудникот, на крајот ќе си ги искрши забите под Огражден“.

Управниот суд уште на 31 март годинава, во екот на кризата со епидемијата и за време на вонредна состојба донесе одлука со која ја поништува одлуката на Второстепената владина комисија врз основа на која беше раскинат договорот за концесија со Еуромакс. Но, јавноста за оваа одлука на судот дозна кон средината на мај, дури откако канадската компанија самата се пофали за тоа. За овој предмет во Управниот суд решавал судски совет во состав: Марта Телегравчиска – претседател на советот, Рамије Цара и м-р Ѓоко Живковски.

Откако јавноста бурно реагираше и по големиот притисок, претседателот на судот Бурим Сејдини објави соопштение во кое се вели дека судот донел вакво решение и истото е јавно достапно.

Судот го образложи одлучувањето по овој предмет за време на вонредна состојба со ставот дека се работи за предмет со итност и завзеде стојалиште дека Второстепената владина комисија најпрво требало да решава по претходно поднесеното барање од Еуромакс за спојување на двете концесии кои ги поседувале, па потоа да одлучува по барањето за дозвола за експлоатација на минерални суровини.

Локалното население од Струмица и околината две години се спротиставуваат со остри протести и барања до надлежните да нема рудник во овој земјоделски крај. Според нив, рудниците ќе ја уништат животната средина во овој крај и драстично ќе го намалат квалитетот на живот.

Next Post

Реакција на МОФ за квалификациските тестирања во средните училишта

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk