ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Грчки новинар со серија дезинформации за пандемијата на Ковид-19

June 19, 2020 12:58
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Грчкиот сервис за борба против дезинформaциите ellinikahoaxes.gr оценува видео на грчки новинар,во кои се изнесуваат неколку невистини. Видеото на Танос Кокалис било објавено на Фејсбук, а не е посветено само на на пандемијата на ковид-19, но текстот што го пренесуваме одговара на невистините сврзани со светската криза поради новиот корона вирус, пренесува МЕТА.

Првото проблематично тврдење што го изнесува Кокалис е дека ситуацијата во светот со вирусот не можела да се нарече пандемија, оти од 7,8 милијарди луѓе, од ковид-19 починале само 382.000.

Но, всушност, тоа не е точно бидејќи епидемија значи побрзо од нормалното зголемување на бројот на заболени од некоја болест во област за која што се прогласува епидемија, а пандемија е епидемија на светско ниво.

Потоа ellinikahoaxes.gr третира второ спорно тврдење на грчкиот новинар, дека поради грешката на Surgisphere, компанијата за обработка на податоци со којашто соработуваше Светската здравствена организација (СЗО), имала погрешни податоци и воведувањето рестриктивни мерки според нејзините препораки било претерано и неоправдано.

Surgisphere за себе тврдела дека има соработка со најмалу 1.000 болници во целиот свет, но неодамна британскиот весник „Гардијан“ го истражуваше тоа нејзино тврдење и дојде до заклучок дека малубројниот персонал на компанијата нема многу врска со темата на пандемијата, од што се изведе сомневање за веродостојноста на резултатите од оваа компанија. Тие резултати биле користени во некои научни истражувања, а потоа таквите истражувања се повлечени. Но, всушност, како што пишува ellinikahoaxes.gr Surgisphere не обезбедувала податоци што би довеле до тоа да се прогласи пандемијата на ковид-19, ниту пак, до воведувањето мерки за држење растојание и затворање на луѓето во домовите. Туку, податоците од оваа фирма биле користени за развој на можни лекови и вакцини против ковид-19.

Третата работа со која што се зафаќа Кокалис, притоа не наведувајќи никакви цврсти факти и научни истражувања, е тврдењето дека ниту еден не се заразил со новиот корона вирус на Велигден во црква, ниту пак од причестувањето. Како што пишува грчкиот сервис за проверка на фактите, иако нема докази дека луѓе се заразиле со ковид-19 на Велигден в црква, сепак нема цврсти докази и дека нема таков случај.

Поради ненудењето докази, јасно е дека видеото на Кокалис е збир на непоткрепени тврдења и извртувања на вистинските информации , завршува ellinikahoaxes.gr.

Next Post

Филипче: Ќе почнеме да ги објавуваме оние кои не ги примаат решенијата за самоизолација

Најново

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026

(ВИДЕО) Шпанија и СЗО прогласија „успех“: Заврши евакуацијата на крузерот поради хантавирус

May 12, 2026

Дали „кризната состојба“ е механизам за спас или легален бајпас за тендери во четири очи?

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk