ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Во јули ќе биде реконструирана скопската улица „Орце Николов“

June 21, 2020 13:21
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Центар најави дека во месец јули ќе започне со реконструкцијата на улицата „Орце Николов“, која е една од најфреквентите и најпознатите улици во Скопје, белег на Дебар Маало, со што почнува со средување на несредениот сообраќаен хаос.

– Водејќи се од мотото „Здравјето и безбедноста на граѓаните пред профитот“, за заштита на пешаците, а особено децата, со новиот проект, ќе се стесни коловозниот дел на улицата, со задржување на двете ленти за возила и ќе се изведе нов кружен тек. Почитувајќи ги урбанистичките стандарди и современ начин на живеење ќе се прошират тротоарите, со што ќе се ослободи повеќе простор за пешаците, велосипедистите и корисниците на другите видови алтернативен сообраќај, информира Општина Центар.

Во соопштението се посочува дека на улицата „Орце Николов“, ќе се овозможи непречено движење на пешаците и велосипедистите, а новиот изглед и функционалност ќе го стимулираат користењето на велосипедот како алтернативен начин на сообраќај во насока на намалување на загадувањето.

– За воведување на ред во хаосот со тротоари окупирани од возила, ќе се воспостави нов режим на сообраќај, со воведување на таканаречено „каскадно паркирање“. Градоначалниот Саша Богдановиќ и Општина Центар водат посебна грижа и за зеленилото и дрвата. Со реконструкцијата, постоечкиот дрворед по цела должина на улицата ќе биде задржан. Со проектот за реконструкција на улицата „Орце Николов“, уште еднаш се потврдуваат заложбите за ослободување на јавниот простор, стеснувајќи го делот за автомобилски сообраќај и ослободување на тротоарите од паркирани возила, особено во овој период, кога свеста за зачувување на животната средина и на јавните простори е на многу повисоко ниво, се додава во соопштението.

Next Post

Ковид-19: Во Кина почна втората фаза од тестирањето вакцина на луѓе

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk