ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Како Влада ќе ги промовираме проектите што ги градиме, партиските активности се после 16:30

June 26, 2020 12:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Увидите на проекти што ги гради Владата не се поврзани со партиски активности, туку се потврда на владината определба и во време на економкска и здравствена криза да се реализираат капитални инвестиции во интерес на граѓаните, изјави денеска, премиерот Оливер Спасовски по увидот на градежните работи на нова градинка во скопско Волково.

-Ова значи определба на Владата и во време на економска и здравствена криза да имаме реализација на капитални инвестиции. Јас знам дека некој можеби посакува да нема инвестиции, да нема градба на патишта, на градинки, да стои државата во место, да назадува. Но за моја среќа, за среќа на оваа Влада на граѓаните градиме секојдневно патишта, водоводи, канализациски мрежи и тоа не е само сега туку и во изминатите две и пол години. Од година во година тој интензитет се зголемува. Јас навистина сакам да бидам таму на терен да дадам поддршка на граѓаните, на општините, на работниците кои се најзаслужни во оваа здравствена криза да бидат на браникот на државата, на браникот на екононската активност, рече премиерот Спасовски запрашан дали државните активности како овие увиди на објекти во градба ги користи за партиска кампања и дали со тоа се крши Изборниот законик со кој е забрането да се мешаат државни со партиски активности.

За него, рече, е голема чест кога како претседател на Влада ќе дојде овде во Волково, кога после 30 години ќе ја видите најубавата градинка за згрижување на деца, кога после 30 години се гради канализција во Арачиново, кога после 50 години ќе видите дека ги реновирате сите регионални патишта околу Кумановo.

-Сите овие проекти ги гради Владата на РСМ со парите што се прибрани во буџетот. Со ова немаат врска партиите. Партиите нека се борат на терен на политичката битка преку проекти итн. Ние како Влада ќе одиме и ќе ги промовираме, ќе ги презентираме сите проекти што ги градиме, а после 16:30 ќе ме видите и мене на терен каде што ќе ја водам политичката битка. Но тоа е нешто друго, и тогаш ќе разговараме. До 16:30 секој ден на секое место како што правев во овие осум месеци во Владата. како што правев во изминатите три години во МВР, секогаш кога е тоа во интерес на граѓаните да градиме, создаваме да правиме проекти што се од интерес на граѓаните. Јас не можам да се согласам дека би било добро да промовираме проекти за градба на споменици и непродуиктивни трошоци како што тоа го правеа во минатото. Туку напротив сметам дека треба да ги насочиме финансиските средства за проекти кои значат интерес за граѓаните, рече Спасовски кој заедно со заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, направија увид во градежните работи на нова градинка во Волково, Општина Ѓорче Петров.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Повик за истражувачка и за додипломска студентска програма на Јапонија

НАЈНОВО

Шукова за 24 вести: БРТ системот е најбрзото и најадекватно решение за јавниот превоз во Скопје

October 7, 2025

Филипче: Гледаме арогантна и самобендисана власт која го руши нашиот дом, цигла по цигла

October 7, 2025

Мицкоски со порака до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk