ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со електронски рецепт издадени 95 проценти од лековите изминатите два месеца

June 26, 2020 14:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Деведесет и пет проценти од вкупно препишаните рецепти во изминатите два месеца се издадени електронски,  односно 95 проценти од лековите на пациентите им биле дадени без хартиен рецепт, рече денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Со  Проектот за електронски рецепт веќе два месеца препишувањето и издавањето лекови се врши без употреба на хартија и физичка посета на матиниот лекар и преку него досега се креирани над три милиони рецепти за хронична акутна терапија.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата истакна дека се покажало дека е одличен модел и проект електронското издавање рецепти, што почна пред кризата со Ковид-19, а со цел да се избегне непотребното доаѓање на пациентите, пред се, на тие со хронична болест и кај матичниот лекар и во аптеките.

Посочи дека токму кризата го докажа тоа, заради тоа што тие кои најмногу сакаме да ги заштитиме во оваа ситуација пациентите со хронични болести, сега го избегнуваат непотребното одење во лекарските амбуланти. Системот, потенцира министерот, досега се покажа како успешен и од 1 мај досега преку него се креирани над три милиони рецепти за хронична акутна терапија.

-Со оваа алатка се модернизираше процесот на препишување и издавање лекови без хартија односно преку електронски рецепт. Тоа е нешто што ја олеснува целокупната постапка за издавање на рецептите за пациентите, а од што продобивка имаат не само пациентите, туку и матичните лекари и аптекарите, фармацевтите и Фондот за здравствено осигурување. Пациентите добиваат ефикасен пристап до лекови и поефикасна здравствена заштита. Матичните лекари веќе не се оптоварени со дополнителна работа, а тоа е пополнување на хартиениот рецепт, туку софтверскиот рецепт е директно достапен во аптеките и во исто време Фондот за здравствено осигурување има во вистинско време информација за тоа кој матичен лекар за кој пациент какви лекови препишува, рече Филипче.

Нагласи дека воведувањето на електронскиот начин на издавање рецепти е надополнување на активностите за целосна достапност до терапиите и лековите за пациентите, кој започна минатата година во октомври кога целосно ги укинавме квотите за лекови за рецепт во аптеките ширум државата. Со тоа, појасни, обезбедивме лекови за сите пациенти, сите кои имаат потреба од тоа, имаат лек во кој било ден од месецот, се избегнаа гужвите, редиците, паниката која веќе не постои кај граѓаните.

– Со тоа ја постигнавме една од нашите цели, а тоа е преку вистински здравствени политики го зајакнеме овој сегмент од јавно здравствениот систем. Во таа насока сите мерки и проекти кои ги реализираме за подобрување на животот и здравјето на пациентите, но и модернизација односно дигитализација во здравството имаат за цел подобрени, современи здравствени услуги за граѓаните, унапредување на условите и оптимизирање на работата на здравствените работници, додаде Филипче.

Како што појасни Манчевски, новиот систем е многу едноставен за користење од граѓаните. Пациентите по телефон се јавуваат кај матичниот лекар, лекарот го издава соодветниот еектронски рецепт,  а потоа граѓаните само со документ за лична идентифкациа можат да го подигнат лекот во која било аптека. За хронично болните пациенти е овозможено и друго лице наместо нив да го стори тоа, доколку болниот не е во можност. – Оваа услуга го автоматизира и значително го поедноставува издавањето на рецептот, се исфрлаат од употреба термините, граѓаните добиваат побрза и поефиканса услуга, а матичните лекари се растоваруваат и се автоматизира работата, рече Манчевски.

Електронскот рецепт, потенцираше, е трајна придобивка, во услови на тековната здравствена криза особено им помага на граѓаните и на лекарите, но откако  ќе помине кризата чекањето во редови на лекар и во аптека ќе бидат минато.

Манчевски најави дека со тековната масовна дигитализација следни проекти се електронско запишување деца во градинка и во училиште, автоматско префрлање финансиска помош за новороденче, како и уверение за остварени приходи од страна на Управата за јавни приходи. Следуваат и стотици други електронси услуги со коишто ќе продолжиме со масовната дигитализација, најави Манчевски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ЦИВИЛ: Кажете НЕ на тортурата и насилството

НАЈНОВО

Шукова за 24 вести: БРТ системот е најбрзото и најадекватно решение за јавниот превоз во Скопје

October 7, 2025

Филипче: Гледаме арогантна и самобендисана власт која го руши нашиот дом, цигла по цигла

October 7, 2025

Мицкоски со порака до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk