ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Царовска: Чаршијата е душата на Скопје, продолжуваме со поддршка на дуќанџиите

June 26, 2020 14:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку 5.200 занаетчии се поддржани да ја надминат кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот КОВИД-19 со мерката за субвенционирање на минималната плата во месеците април и мај, посочи вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска по денешната средба со претставници на еснафот во Старата скопска чаршија и обиколката на дуќаните во чаршијата заедно со претседателот на Здружението на еснафот, Бејто Морина.

На средбата со занаетчиите, како што рече Царовска, станало збор за предизвиците со кои се соочуваат занаетчиите за време на кризата, но и за генералните предизвици на дуќанџиите кои работат во Старата скопска чаршија.

Чаршијата е душата на Скопје и дава посебно чувство кога се движите низ неа. Остварив и средба со дуќанџиите кои искажаа благодарност за поддршката од страна на Владата, за субвенционирање на минималната плата за вработените во услови на пандемијата, а го кажаа и своето размислување дека поддршката треба да продолжи и понатаму доколку и кризата продолжи, изјави Царовска.

Владата, потенцира, како досега, така и отсега, директно со засегнатите страни, во овој случај еснафот од чаршијата, ќе продолжиме да ги разгледуваме можностите за нивна поддршка.

-Досега, во месеците април и мај, мерката за субвенционирање на минимална плата, самостојните вршители, односно занаетчиите, ја искористиле повеќе од 5.200 вработени и во двата месеци. Тоа значи дека тие продолжиле да работат, ги задржале работните места, што беше и главна цел кога ја дизајниравме мерката. Воедно, работодавачите, сите оние кои се сопственици на дуќаните, на непосредните средби, истакнаа дека оваа мерка помогнала да ги задржат работниците, да не останат без вработени и дека во наредниот период ќе се обидат да се рехабилитираат и да се вратат во полн капацитет во последниот квартал од 2020 година, посочи вицепремиерката.

Претседателот на здружението на еснафот на Старата скопска чаршија рече дека добиле помош за сите вработени, преку мерката за минимална плата.

-Тие средства ни помогнаа колку-толку да се среди оваа ситуација, затоа што ако не беше таа помош од владата досега сите вработени ќе беа исклучени од работа. Покрај тоа, разговаравме и за други проблеми, проекти и за други работи во иднина, затоа што не знаеме колку ќе трае оваа пандемија. Бараме да ни се излезе во пресрет, да ни се помогне за да можеме да издржиме во оваа криза и да излеземе од неа колку што може побезболно, рече Морина.

 

Next Post

Џафери во затворен простор, во група, без заштитни маски

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk