ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Димитров: ЕУ се покажа како вистински партнер и поддржувач на регионот при справување со пандемијата

Голема благодарност и за изразената поддршка од страна на Европската комисија за обезбедување залихи, како и вклученост во ЕУ набавката на лекот „ремдесивир“ препорачан од Европската агенција за лекови, што беше побарано во консултација со  министерот за здравство Филипче, рече Димитров.

June 26, 2020 16:53
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија досега се покажа како вистински партнер и поддржувач на Западниот Балкан при справување со пандемијата, создавајќи едно чувство на заедништво и припадност како да сме скоро дел од ЕУ, што се надеваме ќе следи и во претстојниот период при носењето одлуки од страна на Унијата.

Ова денеска го истакна шефот на дипломатијата Никола Димитров, кој заедно со своите колеги од земјите во регионот, учествуваше на видео-конференција иницирана од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Димитров, како што соопшти МНР, во своето обраќање се осврна на актуелната состојба и мерките во земјата во контекст на пандемијата, како и во контекст на подготовките со цел демократски, фер и слободни предвремени парламентарни избори, со максимална заштита на здравјето на граѓаните.

– Голема благодарност и за изразената поддршка од страна на Европската комисија за обезбедување залихи, како и вклученост во ЕУ набавката на лекот „ремдесивир“ препорачан од Европската агенција за лекови, што беше побарано во консултација со  министерот за здравство Филипче, рече Димитров.

Главен акцент во разговорите беше ставен на мерките што земјите од регионот ги преземаат во функција на контролирање на пандемијата со коронавирусот, како и натамошната координација при нивно олеснување и овозможување на слобода на движење, како во регионот, така и меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ.

Истовремено стана збор и за активностите на ЕК во контекст на следните чекори за поддршката од ЕУ при справување со социо-економските последици од пандемијата, а беа разменети мислења и за евроинтеграциските процеси.

Од страна на еврокомесарот Вархеји беше искажана подготвеност за поддршка на регионот за контрола на вирусот, координација при следните чекори за закрепнување и повторно поврзување на регионот со ЕУ во контекст на слобода на движење, каде што главниот критериум кој е препорачан при носење на одлуките е врз основа на објективната епидемиолошка слика./МИА/

Next Post

Сугарески: Над 577 илјади евра за санација на патишта во Кривогаштани, ќе се рехабилитира патот за Крушево

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk