До редакцијата на Фронтлајн стигна фотографија на која се гледа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник од ИЕ 2, Владо Мисајловски, на иста маса во кафуле во Куманово со Тони Михајловски и Игор Божиновски, сопруг на амнестираната за 27ми април, Елена Доцевска-Божиновска.
На фотографијата се гледа дека Мисајловски и останатите на средбата не ги почитуваат мерките за физичко дистанцирање, ниту пак носат заштитни маски.