ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Спасовски на отпочнувањето на градба на модерен Логистички центар во економската зона „Илинден“

July 1, 2020 15:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Оливер Спасовски денеска присуствуваше на означувањето на отпочнување со градба на нов модерен Логистички центар, на површина од 70.000 метри квадратни, односно 12.800 метри квадратни магацински простор, 1.000 метри квадратни административен дел и канцеларии и сместувачки капацитет за околу 400 товарни возила, во локалната економска зона „Илинден“.

Премиерот Спасовски во своето обраќање на свеченоста, подвлече дека оваа приватна инвестиција на компанијата „Дени Интернационал“ е во согласност со владините политики за создавање услови за непречен развој на инвестициите и претприемничките иницијативи, кои даваат сериозен придонес во македонската развојна економија со повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати.

„Оваа иницијатива, да се инвестира во време на криза инспирира, поттикнува и охрабрува и јас се надевам дека многу бргу ќе ја вратиме состојбата од пред кризата за да ѝ дадеме нова динамика и забрзување на растот на домашната економија и да постигнеме солиден и одржлив раст на Бруто домашниот производ.  Ги охрабрувам сопственикот и менаџерите на „Дени Интернационал“ да го задржат овој храбар дух на претприемачи и да пронајдат поддршка и во широката понуда на владините програми за поддршка на инвестициите и развојот на приватните инвестиции”, рече премиерот Спасовски во своето обраќање, по повод започнувањето на градежните работи на инвестицијата, која ќе отвори над 80 нови работни места.

Премиерот Спасовски поздравувајќи ја иницијативата на инвеститорите, која придонесува за развој на локалната самоуправа, оцени дека со новите вложувања, компанијата продолжува да ја остварува својата мисија и главната определба да се позиционира на високо место во деловната заедница, како компанија која негува највисоки стандарди во транспортот, шпедицијата и логистиката на овие дејности и да им излезе во пресрет на потребите и очекувањата на своите деловни партнери и клиенти преку обезбедување на квалитетни професионални услуги.

Честитки и желби за успешна работа упати и градоначалникот на Општината Илинден, Жика Стојановски кој подвлече дека инвестицијата на компанијата „Дени Интернационал“ придонесува за економски раст и развој на Општината и регионот.

На отпочнувањето на работите беа присутни раководните лица на компанијата, меѓу кои и сопственикот на компанијата Страшо Јакимовски и заменик-извршниот директор Дејан Јакимовски.

Дејан Јакимовски во своето поздравно обраќање кон присутните, нагласи дека инвестицијата во новиот Логистички центар вредна околу 4,5 милиони евра ќе овозможи подобрување на работата во однос на давање на логистички услуги во државата, почнувајќи од обезбедување на транспорт, царинење на стоки, до утовар, истовар, складирање, пакување, препакување и паркинг, односно комплетни транспортно-логистички услуги.

Next Post

Царовска: Направивме многу, 27 илјади семејства земаат за 300 пати повисока социјална помош

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk