Премиерот Оливер Спасовски најави изградба на зграда со 52 социјални станови во населбата Шуто Оризари и се осврна на зголемената социјална помош и детскиот месечен додаток кој го примаат 33 илјади деца.
Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти. 26.636 домаќинства користат гарантиран минимален приход повисок во просек за 300 проценти. Над 33.000 деца во училишна возраст примаат по 1.000 денари месечно детски додаток.
Ги обединуваме сите граѓани во државата како еднакви наспроти поделбите што ги практикуваше ВМРО-ДПМНЕ кои ја укинаа демократијата и креираа режим.
Луѓето сега слободно живеат, работат, се изразуваат, стои во Фејсбук објавата на Спасовски.
А. Н. С.