ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски со благодарност до семејството Диневи и со честитки за лекарскиот тим што ја изведе трансплантацијата

July 2, 2020 17:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Оливер Спасовски денеска во Владата, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче се сретна со дел од тимот што ја направи првата трансплантација на срце на 23 мај годинава, на кои им додели благодарница за историскиот подвиг, посебно именувајќи ги сите кои учествуваа во сложениот зафат.

На средбата, соопшти владината прес-служба, присуствуваше и синот на донорот Емилија Динева, Влатко Динев, на кого премиерот Спасовски симболично му врачи благодарница, изразувајќи му огромна благодарност од свое лично име и од име на Владата.

– Благодарницата за семејството Диневи, сакам лично да му ја предадам на синот на Емилија Динева, Влатко и да се заблагодарам прво за нејзината лична одлука, а потоа и за согласноста на семејството нејзината одлука да ја претворат во трајно сеќавање за нејзиниот исклучителен хуман гест и желба, своите органи да ги дарува на оние на кои им се во моментот најпотребни за да продолжи друг живот“, рече премиерот Спасовски, кој ја искористи приликата да се заблагодари и на Иван Огненовски, кај кого беше извршена трансплантацијата и на неговото семејство, кои, како што подвлече, покажаа доверба во домашното здравство и во стручноста на целиот тим и му посака добро здравје.

Обраќајќи се кон тимот, лекари и медицински персонал, премиерот Спасовски истакна дека успешната трансплантација на срце е историски резултат и вистински подвиг и сведоштво за висината на експертизата и стручноста на целиот здравствен систем во нашата земја, бидејќи опфати голем број здравствени институции и поединци кои се вградени во ова историско остварување.

– Во време кога целото наше внимание, сиот наш здравствен систем е ставен во функција на справување со најголемата глобална здравствена криза заради пандемијата со КОВИД-19, вие се обединивте, ги здруживте вашите капацитетите, знаењата, искуството и стручност за да извршите зафат што претставува круна во кардиохирургијата и медицината воопшто, оцени премиерот Спасовски.

Посочи дека во изминатите години, Владата силно инвестираше во здравствениот кадар како столб на здравствениот систем – луѓето кои го обезбедуваат здравјето, кои што ја овозможуваат грижата и негата за сите граѓани, потенцирајќи дека тоа ќе продолжи и понатаму со целосна поддршка на министерот Филипче и Министерството за здравство, при што со медицинските работници разговараше за актуелните решенија и активности во здравството.

Next Post

Заев: Да купуваме домашни производи, да им помогнеме на економијата и домашните компании

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk