ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

АВРМ: исплатени околу 65 милиони денари за 6.933 невработени лица

July 3, 2020 15:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за вработување денеска изврши исплата на средства за 6.933 невработени лица корисници на паричен надоместок согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност во износ од 65.134.384,00 денари.

Како што информираат од Агенцијата за вработување направена е и вонредна исплата за 2.873 невработени лица корисници на паричен надоместок (вонреден паричен надоместок COVID-19), во износ од 49.781.261, 00 денари, за лица на кои работниот однос им престанал во период од 11 март до 30 април 2020 година по основ на спогодбен престанок од работен однос, престанок со отказ од страна на работодавачот и престанок со отказ од страна на работникот, односно престанок со давање на писмена изјава од страна на работникот.

– И во услови на криза предизвикана од COVID-19 вирусот, продолжува побарувачката за работници од страна на работодавачите,  а за тоа говорат и податоците за огласените  слободни работни места. Во моментот огласени се речиси 8.000 слободни работни места од страна на 1.090 работодавачи од различни дејности, за потреба од работници од различни занимања (продавач, шивач, келнер, администратор, градежен работник, готвач, армирач, обезбедувачи на имот и лица…), велат од Агенцијата.

Агенцијата за вработување продолжува да ги спроведува активните програми и мерките за вработување дефинирани во Оперативниот план за 2020 година.

-Во период април – јуни 2020 година, преку спроведување на активните програми и мерки за вработување од Оперативниот план за 2020 година, беа потпишани договори со 3717 правни субјекти за вработување на 3.576 невработени лица, од кои 2.364 се вработувања во рамките на Младинската гаранција, односно вработувања на млади лица на возраст до 29 години, информираат од Агенцијата за вработување.

Во Агенцијата за вработување во периодот од  1 јуни до 30 јуни годинава со статус на невработени лица по основ на прилив од работен однос, чија одјава од задолжително социјално осигурување е регистрирана во период после 11 март 2020 година, односно во период на кризата предизвикана од  COVID-19 вирусот, се стекнале 3.656  лица.

Next Post

Совет на амбасадори: Со претстaвувањето на предлог преговарачката рамка поблиску сме до датум за старт на преговорите

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk