ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ираце Гарсија: Преспанскиот договор мора да се „спаси“

Таа смета дека со неуспехот да ги исполни своите ветувања за процесот на проширување, ЕУ го загубила својот кредибилитет и покажала дека има недоволно чувство за историската одговорност кон Балканот

October 30, 2019 12:12
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

По француското вето за старт на пристапните преговори со Северна Македонија, премиерот Зоран Заев свика предвремени парламентарни избори, што „би можело дополнително да го усложни прашањето“ околу Договорот за името меѓу Скопје и Атина и да се одрази врз неговата имплементација, оценува бриселскиот информативен портал „Еурактив“, а пренесува МИА.

Порталот наведува дека по изјавата на Заев во интервју за „Еуроњуз“ на грчки јазик дека би можело делумно да биде замрзнато спроведувањето на некои одредби од Договорот од Преспа, се огласи лидерката на Пратеничката група на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) во Европскиот парламент, Ираце Гарсија, која ги повика политичарите „да ја спасат“ спогодбата.

– Преспанскиот договор меѓу Грција и Северна Македонија мора да биде зачуван, изјави Гарсија.

Таа оценува дека ветото на францускиот претседател Емануел Макрон за старт на преговорите со земјава и Албанија претставува „неприфатлива“ одлука и побара од лидерите на ЕУ да ја променат што побрзо.

– Мојата (пратеничка) група ќе повика ова прашање да се најде на дневниот ред на Европскиот совет уште пред пролетта, со надеж дека останатите европски лидери ќе успеат да го убедат Макрон да покаже вистинска европска визија и за Балканот, истакна Гарсија.

Таа смета дека со неуспехот да ги исполни своите ветувања за процесот на проширување, ЕУ го загубила својот кредибилитет и покажала дека има недоволно чувство за историската одговорност кон Балканот.

– Пристапните преговори секогаш претставуваа магнет за поголема демократија и социјален напредок, но беа и светло на надеж за граѓаните, изјави шпанската европратеничка.

„Еурактив“ го пренесува и ставот на поранешниот шеф на грчката дипломатија и потписник на Преспанскиот договор, Никос Коѕијас, кој смета дека ветото на Макрон е повеќе наменето за „француската домашна политика“ во обид да го запре растот на популарноста на лидерката на француската екстремна десница Марин Ле Пен.

– Во пресрет на регионалните избори, Макрон ја користи меѓународната политика за внатрешни работи и за неговите изборни потреби. Тоа претставува најлош начин за справување со прашањата од надворешната политика, смета Коѕијас.

Според него, Макрон е под притисок на екстремната десница во услови кога илјадници Албанци аплицираат за азил во Франција.

– Решение, меѓутоа, не е да се прифатат идеите на Ле Пен, туку да се поддржи политиката за надминување на причините за миграција од Албанија, а тоа е отпочнување преговори со земјата, заклучува Коѕијас.

Next Post

Граѓански организации: Да се активираат армијата и полицијата за здрава животна средина

Најново

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk