ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски: За три години изградени повеќе од 300 километри атмосферска канализација

July 9, 2020 14:25
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За три години изградивме повеќе од 300 километри атмосферска канализација во сите општини во државата, а Јурумлери е единственото населено место во нашата земја и во регионот кое доби иновативна вакуум фекална канализациска мрежа, порача премиерот Оливер Спасовски по увидот  во работите на фекална канализација во Трубарево и увид во градежните работи на изградба на вакуум канализација во Јурумлери заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски.

Тој во изјава за медиумите истакна дека дури и во вонредни околности Владата успешно ја спроведува долгорочната стратегија за изградба на инфраструктура која ќе остане и за идните поколенија.

-Кризата предизвикана од пандемијата не ги попречи капиталните инвестиции. Спротивно на тоа, капиталните проекти продолжија со изведба и тоа со забрзана динамика. Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита. Тоа е новото нормално. На овој начин и помагаме на економијата во многу важен период. Интензивно и во услови на корона криза се работи на локалната инфраструктура во фаза во која е отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации за што обезбедивме 100 милиони евра за сите општини, рече Спасовски.

Тој посочи дека во Трубарево, заедно со Општина Гази Баба, која од своја страна инвестираше 80 милиони денари, е ставена во функција фекалната канализација и после 17 години на граѓаните им е обезбеден приклучок кон примарната мрежа.

-Вкупната должина на мрежата е 13 километри, со изградени три нови препумпни станици, а уште една препумпна станица ќе се гради во Чукур маало. Изградени се 400 нови шахти за приклучок кон примарната мрежа. Ги поврзавме левата и десна страна на Трубарево во една колекторска линија која води кон населеното место Гоце Делчев, која претходно не беше воопшто поврзана. Со овие капитални проекти работиме директно за решавање на децениските проблеми кои овие населени места ги имаа, обезбедувајќи им конечно фекална мрежа, потенцира Спасовски.

Јурумлери, посочи, е единственото населено место во нашата земја и во регионот кое конечно доби иновативна вакуум фекална канализациска мрежа.

-Ова е сложен проект бидејќи самата местоположба на ова населено место и подземните води налагаа изградба на посебен вакуум систем на канализациска мрежа. Проектот за реализација на вакуум станицата се реализира со средства на општината, на Светска банка и на Владата. Изградени се и 3.100 метри примарна мрежа и поставени се 68 примарни шахти, го објасни проектот премиерот Спасовски.

Тој прецизираше дека дополнително со средства на Светска банка, во висина од 72 милиони денари, се гради нова пречистителна станица кај реката Вардар, како втората фаза од проектот и  додаде дека со третата фаза ќе се заокружи овој голем капитален проект на целата територија на населеното место Јурумлери.

-Со овој проект јамите стануваат минато. Решаваме уште еден голем проблем кои со години ги мачеше жителите на ова населено место. Она што е за поздравување е што при изградбата на овој голем проект општината не барала самопридонес во стотици евра од граѓаните, како што било пракса во минатото. Единствен трошок на граѓаните е приклучокот од нивниот дом до примарната линија, истакна премиерот.

Посочи дека паралелно се работи и на изградба на водоводна мрежа во Раштак и Булачани, изградба на водоводни линии во Ченто и Стајковци и најави наскоро почнување на фекална мрежа во Смилковци.

Градоначалникот Георгиевски рече дека пред две и пол години наследиле населени места кои немаат чиста вода за пиење или канализациска мрежа и со посветена работа и поддршка од Владата успеале да започнат со решавање на овие децениски проблеми.

-Денес по цели 17 години ја ставивме во функција фекалната канализација во Трубарево. Од вкупно 13 километри проектирана фекална мрежа, до сега изградена е 10 километри примарна и секундарна фекална мрежа. Оваа година со буџетот обезбедивме осум милиони денари за изградба на фекална мрежа на осум краци во должина од 1.285 метри. Во Јурумлери, пак, ја работиме изградбата на вакуум канализационата мрежа, која е единствена во нашата земја и регионот, истакна Георгиевски.

Next Post

Првите луѓе на Груевски сѐ уште земаат плата од ВМРО-ДПМНЕ?

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk