Носителката на листа на пратеници на коалицијата „Можеме“ во ИЕ 3, Јагода Шахпаска, денеска во Берово ја посети Општинската јавна установа за грижа на стари лица „д-р. Иван Влашки“, каде се сместени 29 стари лица, а во завршна фаза е и реконструкцијата на новото трето крило за зголемување на капацитетните можности за сместување.
Шахпаска информираше дека средствата се обезбедени од локалната власт, Министерството за труд и социјална политика и донација од швајцарската агенција за обнова и развој.
– Тоа е инвестиција во вредност од шест милиони 953 илјади денари. Со новото крило установата ќе се дополни за уште 10 лица, а воедно претставува и можност за нови вработувања на персонал за грижа за стари лица, истакна Шахпаска.
Таа порача дека грижата за старите лица продолжува и во идниот мандат на Влада предводена од СДСМ, во насока на уште поголемо покачување на пензиите, а со цел, како што рече, најниската пензија се зголеми за 21 отсто, односно 10.700 денари.