ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Демистификација: Нема ништо „пранкерско“(шегобијно) во индициите дека Москва се меша во изборите

Објавување на стар аудио разговор на „Грета Тунберг“ и Зоран Заев во овој момент, нема никаква допирна точка со наводната шегобијност, туку со директно инволвирање во изборите во РСМ од страна на „пријателите на Кремљ“

July 9, 2020 17:22
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Има една голема разлика помеѓу објавувањето на нелегално прислушкуваните разговори за функционери на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во оваа предизборна кампања и објавувањето на стар нелегално снимен телефонски разговор помеѓу наводната Грета Тунберг и Зоран Заев од страна на наводните руски „пранкери“ (шегобијци во превод), Алексеј Столјаров и Владимир Кузњецов, пишува Вистиномер.

Разликата е во тоа што домашните „бомби“, се главно од домашно производство и се ползуваат во црната кампања во обид да се добијат предзиборни поени и глас повеќе, додека во овој случај станува збор за силна индиција за замешателство во изборен процес во земјата однадвор, која, според анализи на факти, упатува на веројатно мешање од страна на Москва.

Токму затоа, спин е дека станува збор за терање шега со политичарите, како што појаснуваат авторите. Според селекцијата на „таргетите“ станува збор за намера за дискредитирање на сите противници на Кремљ, без оглед дали се оценети како такви во однос на внатрешната или, пак, надворешната политика на Руската Федерација. И токму затоа, овој момент со „пранкерите“ заслужува демистификација, заради јавниот интерес.

Факти за „пранкерите“

Кои се Алексеј и Владимир, познати во јавноста под псевдонимите Вован и Лексус? Тоа се две интелигентни и образувани фигури кои до 2014 година навистина терале „пранк“, односно се шегачеле со јавни личности, пред сѐ, од естрадата на просторите на поранешниот Советски Сојуз.

Но, оттогаш „решаваат“ дека би биле многу поуспешни ако работат заеднички. И, наместо шегите со естрадните ѕвезди, „решиле“ дека ќе бидат многу поуспешни ако шегите со лажно преставување и нелегално снимање на телефонските разговори го правата со познати или помалку познати политичари низ светот. Но, ако се погледне листата на имиња со кои наводно се шегачеле, има една константа. Сите наседнати политичари, а позвучните се Реџеп Таип Ердоган, Петар Порошенко, Александар Лукашенко (кој бил убеден дека разговора со синот на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, кој му бара азил), Емануел Макрон, повеќе американски конгресмени и сенатори, кои се од демократската провениенција и се против политиките на Доналд Трамп, членoви на британското кралско семејство, итн, ќе се види дека се обидувале/обидуваат да дискредитираат лица во даден политички момент, кој во тој даден период/момент би бил од полза на руската надворешна политика.

А, кој им беше таргет од политичарите од регионот, е уште поинетересно. Во 2017 година тоа биле црногорските политичари Мило Ѓукановиќ и Душко Марковиќ, со кои „пранкерите“ разговарале на надворешно-политчки теми, а во 2019 година Зоран Заев, на два пати! Единствени земји од регионот кои се членки на НАТО од понов датум се токму Црна Гора (од мај 2016 г.) и Р.С. Македонија од февруари годинава, но во 2019 г. веќе течеше процесот на ратификации.

Овие факти, кои укажуваат дека „шегобијците“ и не се баш шегобијци туку тераат висока политика преку форма на шегобијство, ги забележале и повеќе светски медиуми, но, сепак, меѓу првите и оние кои имаат најдобри познавања на приликите, се руските медиуми. „Вистиномер“ веќе пишуваше на оваа тема и тука само ќе го обновиме кажаното од интервјуто што го направиле од рускиот независен весник „Москоу Тајмс“ (The Moscow Times), кој уште во март 2016 година објави сторија за двајцата „пранкери“, со повеќе од јасен наслов: Среќни да бидат оружје: Двајцата руски пранкери ги таргетираат противниците на Кремљ.

Зошто токму сега?

Како што може да се види и од оценката на други руски медиуми, кои тврдат дека Вован и Лексус се, де факто, оружје на некоја од руските безбедносни служби, иако тие тоа го негираат, исто како што негира и официјална Москва, не е тешко да се заклучи дека Заев не бил случаен таргет. Впрочем, тоа го изјави и самиот Зоран Заев, кога јавно призна дека бил жртва на „добро организирани структури“ кои „со медиумска дискредитација и медиумско влијание, најчесто се насочени против личности и земји со евро-атлантски аспирации“.

Тоа е еден од оние обиди за директна штета на нашите стратешки интереси да го завршиме процесот за нашето членство во НАТО. Тоа се добро организирани структури за ширење влијание во интерес на трети страни…, рече Заев во јули 2019 година (19-та минута).

За разлика од тие неколку претходни разговори, Заев во разговорот со наводната Грета Тунберг е многу повнимателен и јасно се слуша како одбива да биде насочен да зборува во негативен контекст за Макрон или за Трамп. Овој обид на руските шегаџии беше јавно обзнанет од Владата пред тие воопшто да го објават.

А, го објавуваат сега, на неколку дена пред гласањето и тоа покриен со анимирано видео, кое веднаш беше преземено од повеќе домашни портали. Првите кои го презедоа, уште доцна синоќа беа порталите кои може да се оквалификуваат како чисто опозициски. Плус на тоа веднаш „се лепат“ соопштение и изјави од ВМРО-ДПМНЕ…

Сето ова јасно укажува дека нема ништо шегобијно во објавата на руските „шегобијци“. Објавување на ваков тип нелегално снимен разговор на само неколку дена пред гласањето е нелегално инволвирање во изборите и обид да се влијае врз гласачкото тело во полза на опозициската партија. Но, за разлика од домашните бомби, кои се од домашна продукција и чии „продуценти“ можат да подлежат на кривична истрага и обвинение, рускиве продуценти нема да можат, освен ако не допатуваат во земјава, зашто според законите на Руската федерација, нивното „шегобијство“ не преставувало кривично дело!

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот оркестар „Фејмс“ дел од спектаклот за најавата на „Дизниленд Абу Даби“

May 14, 2025

Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

May 14, 2025
Handy Wicaksono / Unsplash

Белгија: Поштарот во борбата против осаменост и депресија кај старите лица

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk