ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска: Дурловски бега од секоја дебата, исто како што Груевски не собра ниту еднаш храброст да дебатира

July 9, 2020 20:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не умирам од желба да дебатирам со човекот кој влезе во Собрание да ме убие, но тука доаѓаме за граѓаните, а противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ Дурловски, кој не се појави, тоа не го направи првпат, рече вечерва носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во петата изборна единица, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, Шекеринска оцени дека Дурловски бега од секаде каде што може да добие прашања.

-Нивниот слоган „Исправи се Македонијо“ значи гордост, чест, храброст, но тие доблести не ги дава кај своите носители, тој дел покажува дека ВМРО-ДПМНЕ ниту педа не се променил од тоа што го гледавме до 2016-та, нагласи Шекеринска, додавајќи дека како што Груевски не собра ниту еднаш храброст и доблест да дебатира, така и неговите наследници секој пат кога немаат што да понудат бегаат од соочувања. Ние доаѓаме тука зашто треба да имаме однос кон граѓаните чија доверба ја бараме. Ако некој човек ја бара довербаta да ги претставува нивните интереси во Собранието, тогаш тој кандидат или кандидатка треба да може да се спротивстави во собранието за да бара повеќе пари за својата изборна единица, за решавање на битни прашања, ако не може да се соочите со аргументи и контрааргументи пред изборите како ќе се бори за правата на граѓаните по изборите, нагласи Шекеринска.

Ова, додаде, „покажува дека ВМРО-ДПМНЕ го крие својот кандидат кому, очигледно, единствен начин да дебатира му е да испрати луѓе за тепање“.

Според Шекеринска, по овие избори на кои граѓаните ќе се определат за продолжување на позитивните политики, премиер ќе биде Зоран Заев кој има подеднакво силна поддршка и кај Македонците и кај Албанците и кај Турците, Ромите, Власите, Бошњаците и кај Србите.

-На сите им стана јасно дека единствените партии и луѓе кои ловат гласови на националистичка карта се само оние што немаат што да понудат и тоа не се однесува само на Албанци, туку и на македонски кандидати.  Оние што нудат рециклирани национализми всушност соопштуваат дека нема што друго да им понудат на граѓаните. Нашиот концепт победи и јас знам дека тоа нервира многу албански или македонски политички фактори во државава кои играа секогаш на картата на национализам само кога ќе дојдат избори, нашата програма го реафирмира концептот едно општество за сите, нагласи Шекеринска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Заев од Шуто Оризари: Работиме заедно да го подигнеме квалитетот на живот на Ромите, еднакво како за сите други

НАЈНОВО

Кина гради џиновски ветерни турбини отпорни на тајфуни

October 8, 2025

Пораст на златото за 54% од почетокот на годината

October 8, 2025

Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk