Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Шуто Оризари изјави дека нема да престанат да работат се додека квалитетот на животот на Ромите не биде ист со квалитетот на животот на Македонците, Албанците, Турците и сите други.
„Мои драги Роми, драги чесни граѓани. Во Шуто Оризари победува коалицијата „Можеме“, победува единството, победува заедништвото. Заедно можеме уште повеќе, уште подобро. Сите доаѓаат лажат и заминуваат после изборите. Јас бев тука кога требаше, бев тука кога се асфалтираа улиците во Шуто Оризари, кога се пуштаа проекти за полициска станица и за нова градинка. Бев тука кога се афирмираше ромскиот јазик, заедно се боревме и ќе продолжиме да се бориме против сиромаштијата. Факт е дека ромската заедница е посиромашна од другите, но затоа ќе работиме заедно додека Ромите не го имаат истиот квалитет на живот и како Македонците, и како Албанците, и како Турците и сите други. Денеска сме обединети заедно во концептот едно општество за сите“, порача претседателот Заев.
Зборувајќи за историската важност на овие парламентарни избори за да продолжи земјата по правиот пат на сигурноста важно е граѓаните да излезат масовно со почитување на сите безбедносни протоколи и да го дадат гласот за бројот 3, за СДСМ и коалицијата „Можеме“ и само на таков начин ќе можат да ја спречат опасноста што ја предизвикува ВМРО-ДПМНЕ со своето неодговорно и несериозно однесување.
„Немојте да мислите дека работата е завршена однапред. Од сите нас, а најмногу од вашиот глас зависи. Важно е да се гласа! Се носи голема одлука! Одлучуваме дали продолжуваме напред или се враќаме назад. Одлучуваме дали ќе се заштитиме од КОВИД-19 или ќе оставиме неодговорни луѓе да донесат хаос, паника и закана за здравјето на сите?“, потенцираше претседателот Заев пред граѓаните на Шуто Оризари.