ШЕКЕРИНСКА: Дурловски бега од секоја дебата, исто како што Груевски не собра ниту еднаш храброст да дебатира.
ЗАЕВ: Подготвени ли сте вашето здравје да им го доверите на Мицкоски и неговите луѓе?
ЦАРОВСКА во Штип: Тие сакаат да ја намалат минималната плата за 1.500 денари, ние сакаме да продолжи да расте.
ЛУКАРЕВСКА: Обезбедуваме 2,5 милијарди евра европски пари за европски стандарди дома.
СПАСОВСКИ: Следните четири години ќе отвориме 80 отсто од поглавјата за интеграција во ЕУ
ДА се заштитат новинарите и медиумските работници за време на изборниот процес, апелира Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).
ДИРЕКТОРОТ на БЈБ Сашо Тасевски од Прилеп: Потребно е бескомпромисно, неселективно и законито постапување за изборите да минат во најдобар ред.
ВО светот досега има 12,2 милиони инфицирани лица од Ковид-19, починале повеќе од 550 илјади.
МИНИСТЕРСТВОТО за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати користи обучени кучиња за да открие присуство на инфекција со коронавирус, објави денеска телевизијата Ал Арабија.
ЈУЖНОАФРИКАНСКАТА кралица Нолоjисо Сандиле почина денеска од коронавирус, соопшти кралското семејство.
СТЕРЈОВСКИ побара од Владата во Тирана да ги спроведе препораките на Народниот правобранител за малцинствата.
МЗ: Обезбедна е современа биолошка терапија и психолошка поддршка за пациентите со малигни заболувања.
ДВАЈЦА турски државјани на возраст од 22 и 24 години, од кои едниот бил позитивен на коронавирусот, синоќа избегале од хотел-државен карантин во Скопје со чаршав што бил врзан како импровизирано јаже.
ВО Прилеп има споено 12 гласачки места, а 13 се дислоцирани поради безбедност.
Ј. Ѓ.