На 15 јули вие одлучувате кој ќе ја води борбата со КОВИД-19. Подготвени ли сте вашето здравје и здравјето на вашите најблиски да им го доверите на Мицкоски и неговите луѓе?, прашува лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Тој истакнува дека инвестициите во здравството и во медицинските работници ќе продолжат уште позабрзано.
„Со СДСМ и коалицијата Можеме, во новиот мандат инвестициите во здравството и во човечкиот капитал ќе продолжат уште повеќе, за уште подобра здравствена заштита.
Вложуваме 33 милиони евра во одделенијата за интензивна нега, продолжуват инвестициите во јавното здравство.
Скопје добива нов клинички центар, а Охрид, Тетово и Струмица добиваат модерни регионални здравствени центри.“, потенцира Заев.