ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Новиот претседател на ЕП ја одбра Северна Македонија за неговата прва официјална посета вон ЕУ

– Посетата на Северна Македонија, и веднаш потоа на Албанија, е од најголема важност за мене лично во овој момент. Знаеме дека народите во двете земји се многу разочарани од неспособноста на Советот (на ЕУ) да постигне согласност за почетокот на пристапните преговори поради ветото на неколку земји членки. Ние ја разбираме и делиме оваа разочараност, вели Сасоли во пресрет на неговата посета.

October 30, 2019 13:29
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Новоизбраниот претседател на Европскиот парламент, Давид Сасоли в понеделник и вторник ќе престојува во Северна Македонија, што ќе биде негова прва официјална посета на некоја држава надвор од ЕУ откако стапи на функција ова лето, пренесе МИА.

Тој доаѓа со порака до земјава, но и до Албанија, дека треба да останат на европскиот пат и покрај пречките кои се појавија на последниот Самит на лидерите на ЕУ.

– Посетата на Северна Македонија, и веднаш потоа на Албанија, е од најголема важност за мене лично во овој момент. Знаеме дека народите во двете земји се многу разочарани од неспособноста на Советот (на ЕУ) да постигне согласност за почетокот на пристапните преговори поради ветото на неколку земји членки. Ние ја разбираме и делиме оваа разочараност, вели Сасоли во пресрет на неговата посета.

Европскиот парламент непосредно по Самитот на ЕУ, на кој не беше донесена одлука за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија, усвои нова резолуција со која „ја осуди неспособноста на Европскиот совет да го испорача ветеното“.

Сасоли потсетува дека оваа резолуција беше изгласана со огромно мнозинство и тврди дека Европскиот парламент нема да молчи и ќе бара позитивна одлука од земјите членки на следниот состанок.

– Албанија и Северна Македонија ги исполнија реформите кои ги баравме од нив и сега заслужуваат да бидат наградени за нивните извонредни напори. Сакам да упатам повик до граѓаните, посебно младите генерации: не губете надеж, ве молам останете на европскиот пат. Европскиот парламент е со вас, истакнува Сасоли во соопштението со кое се најавува неговата посета на регионот.

Новиот претседател на Европскиот парламент сака да ги охрабри двете земји да продолжат со реформите и верува дека „и покрај одлагањето времето нема да биде изгубено“.

Според најавите, Сасоли во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев, како и со спикерот на Парламентот, Талат Џафери, а ќе разговара и со лидерите на политичките партии застапени во Собранието.

На почетокот на декември, Сасоли ќе ја посети и Тирана.

Next Post

Ципрас: Кредибилитетот на ЕУ ќе се цени според европерспективата на Западен Балкан

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk