Со претставници на здружението на граѓани „Полио Плус, движење против хендикеп, разговаравме за успешната работа досега, но и одговорноста да продолжиме да работиме на афирмација и на целосно спроведување на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Нивното искуство и целосната посветеност ќе ги вклучиме во меѓународна афирмација и поддршка на нивната работа, затоа што само заедно можеме да одиме напред.
Во концептот на „Едно општество за сите“ стои нашата заложба за унапредување на човековите права за сите, вклучително и лицата со хендикеп, вели Димитров во постот.